КЛ7 Струга и РК Прилеп во финалето на кадетската завршница

/, Струга/КЛ7 Струга и РК Прилеп во финалето на кадетската завршница

КЛ7 Струга и РК Прилеп во финалето на кадетската завршница

Во финалето на финалната кадетската завршница ќе се сретнат екипите на РК Прилеп и КЛ7 Струга. Тие станаа финалисти преку победите над Еурофарм Работник односно РК Вардар.

Првиот финалист го добивме откако Прилеп го совлада Еурофарм Работник со резултат 27:33. Првото полувреме помина во израмнет дуел во кој екипата од Битола ја имаше најголемата предност од три погодоци (8:5) но не успеа да ја зачува оваа предност па на крајот од  првиот дел двете екипи заминаа со нерешен резултат 13:13

Вториот дел започна повторно израмнето се до 38. минута кога искуството на Прилеп дојде до израз и со серија од 1:8 успеа да го скрши отпорот на Еурофарм Работник. Прилепчани ја зачуваа оваа предност до крај и го осигураа своето учество во финалето на кадетска конкуренција втора година по ред.

Најдобри стрелци на натпреварот беа Божидар Илиески кај Прилеп и Бобан Какоски од Еурофарм Работник со по седум погодоци

РК Еурофарм Работник – РК Прилеп 27:33 13:13

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во вториот полуфинален натпревар повторно видовме возбудлив дуел, овој пат помеѓу двете екипи кои завршија како првопласирани во своите групи, односно РК Вардар и КЛ7 Струга.

Почетокот на натпреварот припадна на РК Вардар, отворија со водство од 2:0 а на голот го имаа одличниот Марко Кизиќ кој на моменти беше нерешлива енигма за нашите момци од КЛ7 Струга. Сепак резултатски не дозволивме да се одлепи фаворитот на овој дуел и на полувреме  заминавме со само еден погодок негатива.

Во вториот дел видовме сосема друга игра на КЛ7 Струга, нашите момци заиграа одлично во нападот а во одбраната имаа голема поддршка од Петрески кој цели 14 минути беше примен погодок. Нападот функционираше одлично и за брзо време направија серија од 7:0(14:21) со што веќе беше познат и вториот финалист. Во 59 минута дојдовме и до максимални осум голови предност 20:28, а РК Вардар ги постави конечни 21:28.

Најдобри стрелци на натпреварот беа Џигероски и Симоноски кои постигнаа по десет погодоци, додека кај Вардар, Грујовски и Чакалиќ го завршија натпреварот со по четири погодоци.

РК Вардар – КЛ7 Струга 21:28 12:11

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во натпревар за третото место од 17:30, силите ќе ги одмерат РК Еурофарм Работник и РК Вардар, додека финалето е закажано од 19:30 помеѓу минатогошниот шампион РК Прилеп и  дебитантот КЛ7 Струга.

2019-06-05T13:18:45+00:00 June 5th, 2019|Главни Новости, Струга|0 Comments