КЛ7 Струга овој викенд дел од финалната завршница во кадетска конкуренција

//КЛ7 Струга овој викенд дел од финалната завршница во кадетска конкуренција

КЛ7 Струга овој викенд дел од финалната завршница во кадетска конкуренција

Кадетите на КЛ7 Струга ја остварија својата зацртана цел и се пласираа на финалната завршница во кадетска конкуреција која ќе се одржи овој викенд во Битола. Покрај ПИОНЕРИТЕ кои се пласираа на втората позиција откако во финалето беа минимално поразени од РК Металург и МЛАДИНЦИТЕ кои во дуелот за третото место го совладаа градскиот ривал РК Струга, сега учество на една финална завршница обезбедија и нашите кадети.

Нашите кадети стигнаа до финалната завршница откако во регуларниот дел од сезоната успеаа да соберат 43 бодови од кои 14 победи, еден дуел заврши нерешено и еден пораз. Од 16 натпревари имаме и одлична гол разлика 263 погодоци, односно 674 постигнати и 411 примени погодоци. КЛ7 Струга е единствената екипа оваа сезона која успеа да се пласира на сите финални завршница за млади категории во организација на ракометната федерација на Македонија.

Покрај КЛ7 Струга на завршниот турнир кој ќе се одржи во Битола во недела(02.06) се пласираа екипите на РК Вардар, РК Прилеп и РК Еурофарм Работник.

Во првото полуфинале РК Еурофарм Работник ќе се сретне со РК Прилеп, додека во второто полуфинале нашите момци ќе се сретнат со врсниците од РК Вардар. Сите натпревари ќе се одиграат во еден ден во спортската сала „Боро Чурлески“

10:30 – ПОЛУФИНАЛЕ 1

РК Еурофарм Работник – РК Прилеп

12:30 – ПОЛУФИНАЛЕ 2

РК Вардар – КЛ7 Струга

17:30 Натпревар за трето место

19:00 ФИНАЛЕ

2019-05-30T11:50:11+00:00 May 30th, 2019|Струга|0 Comments