Кадетите на КЛ7 Струга со победа го заверија пласманот на финалната завршница

//Кадетите на КЛ7 Струга со победа го заверија пласманот на финалната завршница

Кадетите на КЛ7 Струга со победа го заверија пласманот на финалната завршница

Кадетите на КЛ7 Струга успеаа да го совладаат убедливо ГРК Гостивар со 31:44 и со тоа да се пласираат на финална завршница во кадетска конкуренција. Кадетите ја комплетираа успешната сезона на КЛ7 Струга, после пионерите и младинците, сега и тие се најдоа на еден „фајнл фор“.

КЛ7 Струга е единствената екипа оваа сезона која успеа да се пласира на сите финални завршници во младински категории под капата на РФМ.

КЛ7 Струга се пласираа на финалната завршница по одличната сезона која успеа да собере 43 бодови од 14 победи, една нерешена и еден пораз. А заверката на првата позиција ја остварија преку убедлива победа над ГРК Гостивар кој  беше незгоден противник за сите екипи во група 3 во текот на целата сезона.

Почетокот од натпреварот му припадна на домаќинот, прво отворија со водство од 1:0, 2:1 и 3:2, но потоа следеше серија на нашите кадетите од 1:6 за водство од 4:8 и водство кое не само што не го пропуштивме туку и го зголемивме во текот на овој дуел. Во 22. минута веќе имавме и 10 погодоци предност, а на крајот од првиот дел заминавме со максимални 11:24, со што веќе беше познат победникот на овој натпревар.

Во вториот дел нашиот тренер Матлиески им даде шанса и на пионерите кои одлично ја оправдаа, па во 53. минута ја имаа и најголемата предност од 18 погодоци (23:41). Своја шанса на крајот  добија и нашите најмлади пионери односно генерација 2006, кои го завршија натпреварот со конечен резултат 31:44

Најдобри стрелци во нашите редови беа Стојков и Џигероски кои постигнаа по девет погодоци, додека Христоски и Симоноски постигнаа по пет погодици.

Кај гостите најдобар стрелец беше Давидоски Бојан кој постигна дури 17 погодоци.

Во кадетската финална завршница, покрај КЛ7 Струга се пласираа РК Вардар, РК Прилеп и РК Еурофарм Работник.

ГРК Гостивар – КЛ7 Струга 31:44 (11:24)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски 2, Дуноски 1, Џигероски 9, Негриески 2, Стрезоски, Гучески 4, Христоски 5, Шулески 3, Симоноски К. 5, Мариноски 1, Ѓорговски 2, Стојков 9, Стрезоски 1, Симоноски Ф.

Седмерци: 5/5 Исклучувања: 12 мин

2019-05-26T20:26:03+00:00 May 26th, 2019|Струга|0 Comments