Кадетите на КЛ7 Струга со цел плен во градското дерби

//Кадетите на КЛ7 Струга со цел плен во градското дерби

Кадетите на КЛ7 Струга со цел плен во градското дерби

Кадетите на КЛ7 Струга ја продолжија својата победничка низа во кадетската лига. Десетата победа по ред ја забележаа над градскиот ривал РК Струга со резултат 28:25.

Натпреварот не започна во посакуваниот правец за нашите кадети, РК Струга отвори со серија од 0:3, а за нашиот гол чекавме дури 10 минути, а две минути подоцна дојдовме и до израмнување односно 3:3. Се до крајот на првиот дел се играше гол за гол и цврство во одбрана, на крај двете екипи замина со нерешен резултат 12:12.

Првиот дел од второто полувреме продолжи да се игра гол за гол се до 42. минути кога успеавме да се оделиме резултатски со мини серија од 3:0 со што успеавме да ја зачуваме до крајот на натпреварот. Во 57. минута имавме и максимални пет голови разлика со што веќе беше решен победникот на ова градско дерби. До крајот следеше мало опуштање на нашите  момци па „гостите“ постигнаа три а ние само еден погодок за конечни 28:25.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Симоноски кој постигна 11 погодоци, додека Гучески постигна осум, Стојков пет а Џигероски го заврши натпреварот со два постигна погодоци.  И покрај тоа што имаше неколку лошо фрлени контри, во вистински момент Петрески беше одличен на голот со што помогна КЛ7 Струга да се „одлепи“ на плус пет голови разлика. Кај гостите најдобар поединец беше Ненад Костески кој пред неколку дена потпиша за хрватскиот шампион РК Загреб и му посакуваме многу среќа и многу успеси во понатамошната кариера.

Со оваа победа КЛ7 Струга останува на првата позиција и е се поблиску до пласман на финалната завршница во кадетска конкуренција

КЛ7 Струга – РК Струга 28:25 12:12

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски, Диноски, Џигероски 2, Негриески, Стрезоски О, Гучески 8, Христоски 1, Шулески, Симоноски 11, Бочески, Ѓорговски 1,  Стојков 5, Стрезоски Н, Ѓоргиевски.

Седмерци: 4:2 Исклучувања: 10 мин Црвен Картон: Мартин Дуноски

 

2019-05-12T21:07:25+00:00 May 12th, 2019|Струга|0 Comments