Две победи во два дена на кадетите на КЛ7 Струга

//Две победи во два дена на кадетите на КЛ7 Струга

Две победи во два дена на кадетите на КЛ7 Струга

После репрезентативните обврски со кадетската репрезентација, нашите кадете ги продолжија натпреварите во кадетската лига.  Па така во два дена беа одиграа два натпревари на кои се забележани две победи и постигнати вкупно 107 погодоци.

Во првиот натпревар, односно натпреварот од 13-тото коло забележавме убедлива победа на гостувањето во Ресен против екипата на Преспа со резултат 24:51.

Натпреварот го отворивме со серија од 1:6, разликата продолжи да расте па веќе во 25. минута имавме водство од 7:23, со што веќе беше решен победникот на овој натпревар.

Вториот дел продолжи со исто темпо, разликата растеше до максимални и конечни 27 голови разлика односно 24:51.

Нашиот тренер Јаковче Матлиески им даде шанса на сите ракометари во текот на целиот натпревар, пионерите одлично ја оправдаа дадената доверба

Преспа – КЛ7 Струга 24:51 (9:26)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски 1, Дуноски 6, Џигероски 2, Негриески 5, Гучески 4, Христоски 4, Шулески 4, Симоноски 2, Бочески 6, Тутенкоски 3, Ѓорговски, Стрезоски 4, Мемед 4, Ѓоргиевски 4, Мариновски 2

Седмерци: 4/4 Исклучувања: 4 мин

Во вториот натпревар кој се одигра вчера (24.04) забележавме нова убедлива победа овој пат против екипата  на Енхалон од Струга, овој пат со резултат 56:23.

Како и првиот натпревар така започна и овој против екипата на  Енхалон, со серија од 7:0 и за брзо време ги тргнавме дилемите за победникот на овој натпревар. Разликата продолжуваше да расте, прво до максимални 18 голови разлика на крајот од првиот дел(27:9), а потоа и до 33 голови разлика на крајот на од вториот дел, каде ги поставија и конечните 56:23,

На овој натпревар шанса добија и нашите најмлади пионери, генерација 2006, каде успеаа да се запишат во листата на стрелците неколку пати.

Со овие две победи кадетите на КЛ7 Струга остануваат на првата позиција од група 3, место кое води на финалната завршница.

КЛ7 Струга – РК Енхалон 56:23 (27:9)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски 1, Мишевски 4, Дуноски 6, Џигероски Д., Негриески 6, Гучески 8, Христоски 3, Шулески 2, Симоноски К. 4, Бочески 3, Ѓорговски 5, Џигероски Н. 3 Стрезоски 2, Ѓоргиевски 7, Симоноски Ф. 3

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 12 мин

2019-04-25T12:40:20+00:00 April 25th, 2019|Струга|0 Comments