КЛ7 Струга со победа ја отвори пролетната полусезона

//КЛ7 Струга со победа ја отвори пролетната полусезона

КЛ7 Струга со победа ја отвори пролетната полусезона

Младинците на КЛ7 Струга во првиот натпревар во новата година успееa да слават против екипата на РК Бутел со резултат 26:36.

На почетокот се играше гол за гол се до 18та. минута кога КЛ7 Струга успеа да се одели со четири голови предност и истата предност не само што ја задржа туку и да ја зголеми за мирен финиш на првото полувреме со 12:19.

Второто полувреме, момците на Матлиески го продолжија во ист ритам и дојдоа до максимални 16:28. Тоа беше убава можност за неколку пионери да влезат во игра и да се запишат во листата на стрелците и да ги постават конечните 26:36

Одличен на голот на КЛ7 Струга беше Петрески Митко кој со неколку одбрани во серија не дозволи противникот да се врати во игра, додека Симоноски со осум погодоци беше најдобар стрелец

 

 

View this post on Instagram

 

Двојна одбрана бравооо 👏👏👏

A post shared by На тренинг со Кирил Лазаров (@handball_kl7) on

Во следното коло наш гостин ќе биде екипата на ГРК Борец.

РК Бутел – КЛ7 Струга 26:36 (12:19)

КЛ7 Струга: Петрески, Гелевски, Матоски, Мишевски, Дуноски, Џигероски 6, Поповски 2, Јовчев 1, Гучески 3, Христоски 2, Симоноски 8, Бочески, Ѓорговски 3, Стојков 5, Ѓоргиески 1, Пајкоски 5

Седмерци: 2/3  Исклучувања: 10 мин

2019-02-02T20:15:47+00:00 February 2nd, 2019|Струга|0 Comments