Капитенот Лазаров гостин на КЛ7 Куп Север

/, Главни Новости, Кисела Вода, Куманово, Св. Николе, Тетово/Капитенот Лазаров гостин на КЛ7 Куп Север

Капитенот Лазаров гостин на КЛ7 Куп Север

Повторно прекрасна слика во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Општина Кисела Вода направија дечињата од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“. Повеќе од 180 дечиња одиграа 20 натпревари на вториот КЛ7 Куп Север.

Овој пат специјален гостин беше капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, кој имаше можност да присуствува на дел од натпреварите а потоа и да се фотографира со дечињата од неговата школа.

Дел од овој турнир беа школите од Куманово предводени од Кети Николовска и Валентина Николовска, од Тетово со тренерот Зоран Перовски и домаќините Иван Никчевиќ од школата „Блаже Конески“ во Аеродром и Влатко Котески од школите „Кузман Шапкарев“ – Драчево и ОУ “Кирил Пејчиновиќ” – Кисела Вода.

Со овој КЛ7 Куп продолжуваме да го развиваме нашето мото „Ракомет за секое дете“, со што секое дете добива можност да се натпреварува и да игра ракомет адаптиран за неговата возраст, односно мини ракомет.

Крајот од турнирот го одбележа пријателски натпревар помеѓу КЛ7 Кисела Вода и КЛ7 Свети Николе, односно  за генерација 2004 и помали, и секако неизбежните фотографии со нивниот идол