Нова убедлива победа на младите пионери

//Нова убедлива победа на младите пионери

Нова убедлива победа на младите пионери

Во последното коло од пионерска лига КЛ7 Струга забележаа нова убедлива победа денес, овој пат против екипата на РК Пелистер со резултат 23-12

Очекувавме  дерби натпревар но гостите се што успееа да направат е да израмнат на 2-2, потоа следеше серија од 11-3 за на полувреме да се замине со 13-5.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, па водството само се зголемуваше до максимални и конечени 11 голови разлика односно 23:12

Ако во претходните натпревари бевме навикнати Емилијан Ѓорговски да го гледаме во главна улога, денес таа улога ја преземаа Шулески со шест погодоци, Христоски со пет и Мишевски со четири погодоци, додека на голот на  КЛ7 Струга беше фантастичниот Галевски кој денес буквално ја спушти ролетната на голот, каде забележа 20 интервенции и 2 одбранети седмерци.

За нашите млади пионери остана да одиграат уште еден натпревар(одложен) со Еурофарм Работник.

КЛ7 Струга – РК Пелистер 23-12 (13-5)

КЛ7 Струга: Галевски, Мишевски 4, Дуноски 1, Негриески, Пинтонски, Шипинкроски, Христоски 5, Шулески 6, Јованоски, Бочески 1, Тутенкоски, Ѓорговски 4, Стрезоски, Затуроски, Мемед, Ѓоргиоски 2.

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин

2018-12-15T20:47:21+00:00 December 15th, 2018|Струга|0 Comments