Симоноски броеше до 14 во победата против Еурофарм Работник

//Симоноски броеше до 14 во победата против Еурофарм Работник

Симоноски броеше до 14 во победата против Еурофарм Работник

Младинците на КЛ7 Струга ја забележаа и шестата победа во младинската лига и остануваат на првата позииција заедно со РК Металург.

Во последното коло од првиот дел нашите младинци од Струга ја совладаа убедливо екипата на РК Еурофарм Работник со резултат 38:27 и останаа непоразени по седум одиграни кола. Сепак овој натпревар го одбележа нашиот кадетски репрезентативец Кристијан Симоноски кој успеа да постигне пола од погодоците односно 14 голови

Иако натпреварот заврши со убедлива победа, сепак првиот дел им припадна на гостите од Битола кои неколку пати имаа водство од два голови разлика. Дури во 18. минута успеавме да го скршиме отпорот на Еурофарм Работник и да поведеме со три голови разлика, 12:9, а неколку минути подоцна да дојдеме и до максимални четири голови разлика(14:10). Но следеше брза серија на нашиот противник и ја вратија неизвесноста со конечни 15:14 после 30 мин игра.

Вториот дел продолжи во ист ритам гол за гол и до ново израмнување 20:20. После 39 минута следеше одлична игра на која сме и навикната од нашите млади момци па следуваше една долга серија од 11:3 и убедлива победа на крајот од 38:27

Иако младиот Симоноски успеа да се запише дури 14 пати во листата на стрелците имаше одлична поддршка од Гучески кој постигна девет погодоци и Џигероски седум погодоци.

КЛ7 Струга – РК Еурофарм Работник 38:27 (15:14)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Матоски, Дуновски 1, Мишевски 1, Џигероски 7, Јовчев, Гучески 9, Христоски , Симоноски 14, Бочески, Ѓорговски 1, Стојков 3, Стрезоски, Ѓоргиевски, Пајкоски 2

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 10 мин

 

2018-12-08T18:44:28+00:00 December 8th, 2018|Струга|0 Comments