Играме натпревари и учиме ракомет

//Играме натпревари и учиме ракомет

Играме натпревари и учиме ракомет

Школата на капитенот во Богданци и Стојаково работи веќе 3-та сезона. Тренерот Лилјана Новоселска-Трпчевска наша поранешна репрезентативка и тренер на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, своето ракометно знаење го пренесува на 60 деца на возраст од 6 до 15 години.

Последниот тренинг беше резервиран за натпревари помеѓу нашите ракометари од двете места на југот од татковината. Домаќин беше школата во Стојаково. Играа и момчињата и девојчињата а екипите беа формирани според возраста на децата. Најмалку беше битно кој ќе победи, најважно од се е што децата напредуваат и уживаат додека учат ракомет. А голови имаше во двете мрежи.

Се гледаме во сала!

2018-11-06T16:08:34+00:00 November 6th, 2018|Галерија|0 Comments