Ѓорѓовски му ја донесе првата победа на КЛ7 Струга во пионерската лига

//Ѓорѓовски му ја донесе првата победа на КЛ7 Струга во пионерската лига

Ѓорѓовски му ја донесе првата победа на КЛ7 Струга во пионерската лига

Пионерите на КЛ7 Струга со победа го затворија овој богат ракометен „викенд“, откако прво кадетите го совладаа РК Гостивар, а потоа наредниот ден младинците со победа се вратија од Прилеп. Во првото коло нашата најмлада селекција од Струга ја совлада екипата на РК Преспа – Вардар од Ресен со 17:25

Иако требаше да проследиме неизвесен натпревар сепак нашите момци за кратко време ја превзедоа контролата на натпреварот и успеаа да направат разлика која ќе биде недостижна за нашиот противник. На крајот од првото полувреме РК Преспа-Вардар успеа да постигне два брзи погодоци и после 20 мин игра резултатот беше 10:12.

Во второто полувреме пионерите на КЛ7 Струга не дозволија изненадување од нивниот противник па продолжија да ја зголемуваат разликата на натпреварот до максимални осум погодоци (15:23), со што ја одржаа до крајот и ги поставија конечните 17:25.

За одбележува на овој натпревар е Емилијан Ѓорговски каде успеа да постигне дури 15 погодоци за 40 минути игра каде имаше одлична поддршка од Шулески и Христоски, додека на голот беше Галевски кој успеа да собере 12 интервенции.

Во следното коло нашата екипа ќе го пречека тимот на РК Сани од Охрид

РК Преспа Вардар – КЛ7 Струга 17:25 (10:12)

КЛ7 Струга: Галевски, Негриески, Христовски 3, Шулески 2, Тутенкоски, Ѓорговски 15, Јовановски, Стрезоски 1, Затуркоски, Мемед, Ѓоргиевски 2, Бочески 1, Чакар, Кочоски, Џигероски 1.

Седмерци: 6/6 Исклучувања: 12 мин

2018-11-06T13:18:21+00:00 November 6th, 2018|Струга|0 Comments