КЛ7 Свети Николе со победа започна во пионерската лига

//КЛ7 Свети Николе со победа започна во пионерската лига

КЛ7 Свети Николе со победа започна во пионерската лига

Во првото коло од пионерската лига на РФМ, КЛ7 Свети Николе отвори со победа против РК Велес 09.

КЛ7 имаше резултатска контрола во текот на целиот натпревар каде прво поведе со 2:0, па потоа следеше водство од 7:5 па на полувреме да се замине со 9:6

Второто полувреме продолжи во ист ритам како и првото, нашите момци ја одржуваа предноста и не дозволија противникот да го однесе натпреварот во неизвесен завршеток. Па на крај ги поставија конечните 19:17

Најдобар стрелец на екипата беше Иван Алексовски со пет постигнати погодоци

КЛ7 Свети Николе – РК Велес 09 19:17 (9:6)

КЛ7 Свети Николе: Станоев 4, Тодосов 1, Зафиров 4, Т. Атанасов, Тодоров 1, Крстев, Иванов, Цековски, К. Атанасов, Алексовски 5, Спасевски, Арсевски, Ангеловски 1, Стаменков, Стефановски,  Буровски 3.

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.

2018-11-05T17:56:29+00:00 November 5th, 2018|Св. Николе|0 Comments