Кирил Лазаров се дружеше со децата од школите во Битола и Новаци

/, Главни Новости/Кирил Лазаров се дружеше со децата од школите во Битола и Новаци

Кирил Лазаров се дружеше со децата од школите во Битола и Новаци

Натпреварот на репрезентацијата во Битола беше најголема радост за децата од школата на капитенот. Тие и нивните другарчиња од Новацин имаа можност да го видат, поздрават и неизбежните фотографирања да ги направат веднаш по завчерашниот натпревар. Но средбата се повтори и вчера, овој пат Кирил беше на еден од тренинзите во ОУ “Коле Канински” заедно со уште еден наш репрезентативец Филип Кузмановски кој своите ракометни почетоци ги имаше токму во оваа училишна сала. На радоста на децата и немаше крај.

“Многу ми е драго што децата од Битола и Новаци во толку голем број се дел од школата. Иако е една од последните која се отвори, пред неполн месец, вчера видов колку тоа дечињата го сакаат ракометот. Средба во четвртокот со нив заради агендата после натпреварот беше кратка, им благодарам и на децата и на родителите за поддршката од трибини. Моето присуство во Битола вчера ми овозможи да ги посетам децата на тренинг. Знам колку дечињата се радуваат на овие средби и затоа секоја следна можност ќе ја искористам да ги видам децата и од другите места во кои работи школата.” изјави Лазаров.

Бодрењето продолжува, децата од школата на капитенот од секаде низ Македонија тоа ќе го направат и утре, но овој пат од своите домови со оглед на гостувањето на репрезентацијата кај јужниот сосед. Тие му посакаа многу среќа на Кире и соиграчите и уште една победа.

 

2018-10-27T07:32:52+00:00 October 27th, 2018|Галерија, Главни Новости|0 Comments