Младинците на КЛ7-Струга со победа ја започнаа новата сезона

//Младинците на КЛ7-Струга со победа ја започнаа новата сезона

Младинците на КЛ7-Струга со победа ја започнаа новата сезона

По одличната минатогодишна сезона на младинците на КЛ7 Струга каде стигнаа до третото место на завршниот турнир, денес со победа ја отворија новата сезона. Противник беше екипата на РК Бутел кој е совладан со 29:24

Видовме одличен и неизвесен натпревар каде се до 55 минута, резултатот беше неизвесен и неколку пати екипите се менуваа во водството. Првото полувреме заврши нерешено 14:14.

Второто полувреме започна со едно поинакво темпо и за многу брзо гостите дојдоа до највисоки три голови разлика (15:18). Потоа следеше една долга серија на КЛ7 Струга од 8:1 што гарантираше мирен крај на натпреварот и победа од 29:24.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Симоноски Кристијан со 11 погодоци.

КЛ7 Струга – РК Бутел 29:24 (14:14)

КЛ7 Струга:  Петрески, Галевски, Матоски, Џигероски 4, Шулески, Попоски 2, Јовчев 2, Гучески 4, Христоски 1, Симоноски 11, Конев, Ѓорговски, Стојков 5, Стрезоски, Затуроски, Ѓорѓиевски

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 6 мин

2018-10-13T18:08:44+00:00 October 13th, 2018|Струга|0 Comments