КЛ7 Струга само со три примени погодоци во првото полувреме

//КЛ7 Струга само со три примени погодоци во првото полувреме

КЛ7 Струга само со три примени погодоци во првото полувреме

Се ближи крајот на првиот дел од кадетската лига на РФМ, а КЛ7 Струга продолжува со истото темпо, овој пат младите момци остварија висока победа против екипата на РК Енхалон со резултат 17:45

Натпревар во кој своја шанса од првата минута добија „пионерите“, и одлично ја искористија истата. Веќе по првите 30 минути игра, успеаа да направат недостижен резултат 3:23. Домашната екипа повеќе од 20 минути не успеа да постигне погодок, за во 39. минута нашите момци да дојдат до највисоки 27 голови разлика (3:30), разлика која беше одржувана до крајот на натпреварот.

Во отсуство на Дејан Џигероски и Христијан Симоноски, најдобри стрелци на натпреварот беа Стојков со осум погодоци и Затуроски со седум погодоци.

РК Енхалон – КЛ7 Струга 17:45

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Џигероски, Негриески 1, Шулески 4, Христоски 3, Симоноски, Бочески 5, Конев 2, Ѓорговски 6, Стојков 8, Стрезоски 2, Затуроски 7, Ѓоргиевски 5, Чакар 1, Тутенкоски 1.

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 минути

2018-10-08T06:30:49+00:00 October 7th, 2018|Струга|0 Comments