Тимот од школата на капитенот дел од меморијалниот турнир “Мате Шундовски”

//Тимот од школата на капитенот дел од меморијалниот турнир “Мате Шундовски”

Тимот од школата на капитенот дел од меморијалниот турнир “Мате Шундовски”

Викендов ракометните ветерани си спомнаа за човекот кој од трибини дишеше за ракометот навивајќи за неговиот Пелистер, за неговата Македонија , легендата од публиката битолчанецот Мате Шундовски.

И како поинаку да се спомне за тоа време за тие години за тој човек ако не преку натпревар. А ги имаше многу, имиња кои оставија белег во своето ракометно време повторно беа на терен. Двата тима од кои едниот составен од некогашни репрезентативци и тимот од Пелистер и школата на капитенот Лазаров, КЛ7. И меѓу нив имаше наши репрезентативци кои со резултат 24 : 22 го совладаа репрезрнтативниот тим. Натпреварот беше атракција за публиката која ја надмина бројката од 1000 посетители.
Тренерите од Школата на Лазаров предводeни од Ѓоко Коцарески и првиот учител по ракомет на Кире, нашиот Илија Јанев, кој во знак на сеќавање на овој меморијален настан на покровителот на истиот г-динот Трифун Костовски му подарија дрес во името на Лазаров.

Дружењето продолжи и надвор од терен онака како што знаат ракометарите кога ќе се сретнат на едно место после толку многу години.

2018-10-06T18:12:51+00:00 October 6th, 2018|Главни Новости|0 Comments