КЛ7 Струга победнички и низ Кичево

//КЛ7 Струга победнички и низ Кичево

КЛ7 Струга победнички и низ Кичево

Нов натпревар за кадетите и нова победа со многу постигна погодоци. Овој пат од нашите кадети беше совлада екипата на РШ Гого од Кичево со резултат 32:49.

КЛ7 Струга уште од почеткот на натпреварот успеа да се одлепи и да дојде до недостижно водство за екипата на Гого. Па така на полувреме резултат беше 9:24.

Тоа беше одлична шанса за Матлиески да им дадe повторно шанса на помалите пионери кој одлично ја искористија и успеаа да го задржат високото водство од првото полувреме и да ги постават конечните  32:49.

Како на претходниот така и на овој натпревар сите играчи успеаа да се запишат на листата на стрелците

РШ Гого – КЛ7  Струга 32:49

КЛ7-Струга: Петрески, Шипинкароски 1, Џигероски 5, Негриески 1, Гучески 9, Христоски 3, Галески, Шулески 2, Симоноски 4, Тутенкоски 3, Ѓорговски 7, Стрезоски 2, Мемед 3, Ѓорѓиески 4, Бочески 5.

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 4 мин

2018-09-29T13:47:05+00:00 September 29th, 2018|Струга|0 Comments