КЛ7-Струга продолжува со одличните натпревари во кадетската лига

//КЛ7-Струга продолжува со одличните натпревари во кадетската лига

КЛ7-Струга продолжува со одличните натпревари во кадетската лига

Нов натпревар за КЛ7 Струга и нова убедлива победа во кадетската лига на РФМ. Во четвртото коло нашите момци ја совладаа екипата на Преспа од Ресен со убедливи 50:28.

Натпревар во кој „паднаа“ дури 78 голови, беше одлична можност да добијат шанса и далеку помладите пионери како Пинтовски, Мемед, Негриески и Чакар а предводени од Емилијан Ѓорговски

Натпреварот започна со брзо водство на наашите млади момци, потоа следеше израмнување на гостите, но тоа беше се што успеаа да направат во овој натпревар. Потоа следеше долга серија од 15:3 на КЛ7-Струга, што беше знак дека ова ќе биде уште една убедлива победа.

Второто полувреме продолжи во ист ритам за на крај младиот Стрезоски да го постигне 50-тиот гол и да ги постави конечните 50:28. Освен голманот Петрески, сите играчи на КЛ7 Струга успееа да се запишат во листата на стрелци.

КЛ7  Струга – РК Преспа 50:28

КЛ7-Струга: Петрески, Џигероски 1, Негриески 1, Гучески 8, Христоски 5, Антов 2, Симоноски 3, Конев 4, Ѓорговски 4, Стојков 2, Стрезоски 5, Пинтоски 1, Мемед 2, Ѓорѓиески 4, Бочески 6, Чакар 1.

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин

 

2018-09-23T14:30:54+00:00 September 23rd, 2018|Струга|0 Comments