Нова висока победа на КЛ7-Струга во кадетската лига

//Нова висока победа на КЛ7-Струга во кадетската лига

Нова висока победа на КЛ7-Струга во кадетската лига

Екипата на КЛ7-Струга забележа нова победа во кадетската лига(група 3). Овој пат беше совлада екипата на Пелистер од Битола со високи 18:44.

КЛ7-Струга го отвори натпреварот со 4:0, па потоа од минута во минута водството само се зголемуваше. На полувреме резултатот беше 7:21. Второто полувреме започна со истото темпо за на крај конечниот резултат да гласи 18:44.

Натреварот беше одлична можност за проф. Матлиески да им даде шанса на сите играчи дури и на помалите „пионери“. Најдобри стрелци беа Гучески со 15 погодоци и Симоноски со 12 погодоци, a на голот беше  одличниот Петрески

Следен натпревар е против екипата  на Преспа 2015 во недела од 13:30 во спортската сала на Нико Нестор

Пелистер – КЛ7 Струга 18:44

КЛ7-Струга: Петрески, Кочоски, Џигероски 5, Гучески 15, Христоски 1, Антов 1, Симоноски 12, Тутенкоски, Ѓорговски 3, Стојков 6, Стрезовски 1, Мемед, Ѓорѓиески, Бочевски.

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 6 мин

2018-09-22T10:57:03+00:00 September 22nd, 2018|Струга|0 Comments