Не постои граница за љубовта кон спортот

//Не постои граница за љубовта кон спортот

Не постои граница за љубовта кон спортот

Неодамна во Кавадарци се одржа државно првенство во глобал. Своевиден ракомет за лица со оштетен вид. На него учествуваа неколку екипи кои преку турнирски разигрувања стигнаа до последните натпревари.

Глобал како спорт е најблиску до ракометот а се игра со по три играчи во еден тим. Полувремињата траат по 10 минути а играта е на колена заради поголема безбедност. Играчите носат штитници а на нозе застануваат кога ќе дојдат во ситуација да шутираат. Слепите играчи близината на голот ја чуствуваат преку конец кој е поставен до голот. Кога еден тим ќе постигне 10 гола судијата означува крај на натпреварот.

Школата за ракомет КЛ7 е горда што струшката екипа своите знаења во овој спорт ги покажа носејќи дрес со името на школата на капитенот. Учесниците на првенството потврдија дека не постои граница за љубовта кон спортот и силната желба за победа.

2018-09-21T12:46:35+00:00 September 21st, 2018|Главни Новости|0 Comments