На тренинг со Борче и Кирил во Новаци

//На тренинг со Борче и Кирил во Новаци

На тренинг со Борче и Кирил во Новаци

Од оваа сезона, во општина Новаци започна со работа школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“. Најмалите дечиња во спорската сала „Пеце  Матичевски“ првите чекори во ракометот ќе ги учат од нашите тренери од Битола, поранешниот репрезентативец и интернационалец Кирил Атанасовски и човекот кој е познат по големата ракометна едукација Борче Марковски. И двајцата професори по физичка култура.

Термини за тренинзи се секој понеделник, вторник и четврток од 17 часот.

Се гледаме во сала !

2018-09-19T08:55:19+00:00 September 19th, 2018|Галерија|0 Comments