Голем интерес за ракомет во една од најголемите општини во Македонија

//Голем интерес за ракомет во една од најголемите општини во Македонија

Голем интерес за ракомет во една од најголемите општини во Македонија

Во Новаци, една од најголемите општини во Р.Македонија според територијата, од пред некој ден почна со работа школата на капитенот.

Голем е интересот од страна на децата а потврда за тоа е првиот тренинг на кој беа присутни над 20 дечиња, родени 2006/07 и помали. Момчињата и девојчињата тренираат во одлични услови кои ги нуди спортската сала “Пеце Матичевски”. Тренинзите се одвиваат три пати во неделата.

Тие своите први чекори во ракометот ќе ги учат од нашите тренери од Битола, поранешниот репрезентативец и интернационалец Кирил Атанасовски и човекот кој е познат по големата ракометна едукација Борче Марковски. И двајцата професори по физичка култура.

Отворањето на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” е вистинска можност за спортска активност на децата со оглед на податокот дека во оваа општина нема ниту еден клуб или школа за било кој спорт.

Се гледаме во сала!

2018-09-24T07:27:43+00:00 September 18th, 2018|Главни Новости|0 Comments