Правилник за уредување на условите за учество на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“

/Правилник за уредување на условите за учество на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“
Правилник за уредување на условите за учество на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ 2018-08-20T15:23:42+00:00

П  Р  А  В  И  Л  Н  И  К

за уредување на условите за учество на ракометната школа

„Кирил Лазаров 7“

 

Со овој Правилник се дефинираат меѓусебните услови за учество во ракометната школа „Кирил Лазаров 7“, чиј организатор е КМГ Спорт ДОО Скопје.

За учество на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ секој пријавен треба да пополни пријава за учество и со тоа истиот ги прифаќа правилата и условите за учество на школата, детално уредени со овој Правилник.

Со пополнување на пријавата и прифаќање на правилата, пријавениот станува член на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“.

Обврски на КМГ Спорт, организаторот на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ се:

  1. Ракометната школа се обврзува да ја спроведе програмата на школата во периодот од почетокот до крајот на школската година.
  2. Програмата се спроведува минимално два пати неделно во траење минимално од еден училишен час (45 мин).
  1. Да обезбеди соодветни услови за тренинг во спортската сала.
  2. Да обезбеди едуциран тренер, кој со децата ќе работи максимално професионално, без разлика на нивната возраст и познавање на ракометот.
  1. Да обезбеди топки и останата спортска опрема, адекватна на возраста на децата и предвидените тренинзи.
  2. Да обезбеди почитување на приватноста преку заштита на личните податоци кои организаторите ги добиваат за родителот преку пријавата.
  3. Да обезбеди попуст на месечната членарина за второ дете во семејството.
  4. Да обезбеди попуст за учество на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, кој е во организација на спортската маркетинг агенција КМГ Спорт.

Обврски на секој член на школата за ракомет и неговиот родител/старател се:

  1. Да ја подмири одреденета членарина најдоцна до 10ти во тековниот месец.
  2. На тренинг да доаѓа со соодветна опрема од школата и патики за во сала.
  3. Доколку уплатата не биде подмирена во посочениот рок, членот на школата нема право на тренинг.
  4. Материјалите кои ќе се продуцираат (слика и видеа) на школата за правење на прилози се исклучива сопственост на КМГ Спорт како организатор и може да ги употребува во маркетиншки цели, а со тоа во целост се согласува и го одобрува родителот.
  5. Да се придржува на правилата на однесување на тренинзите определени од страна на тренерите, а во спротивно последиците се:

-Во случај членот на школата да не се приддржува кон правилата на однесување на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, а со тоа ја нарушува дисциплината помеѓу останатите учесници, КМГ Спорт, како организатор, го заддржува правото да го опомене учесникот и да го извести родителот. -Доколку и по опомената, учесникот не го корегира своето однесување, организаторот има право да го отстрани учесникот од школата.

Овој Правилник е составен дел на секоја пријава за учество на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ и со потпишувањето на пријавата учесникот потврдува дека Правилникот му е предаден и истиот е запознат во целост со неговата содржина.

 

03.08.2017 год.                                                                                                                 КМГ СПОРТ ДОО Скопје

Скопје