Услови за учество на Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ – 2018 г.

/Услови за учество на Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ – 2018 г.
Услови за учество на Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ – 2018 г. 2018-02-01T04:15:15+00:00

Агенција за спортски маркетинг, менaџмент и консалтинг „КМГ Спорт“ , ул. „50-та Дивизија“ бр. 24 А 1000 Скопје,  Преставувана од Горан Ѓоргоноски се обврзува на следните услови, за секој учесник на кампот:

  • 6 (шест) полни пансиони во „Хотел Аквалина“ Охрид, хотел од висока категорија;
  • Комплет опрема за секој учесник за тренинг и опрема за меѓу тренинзи;
  • Обезбеден превоз за секој учесник на кампот од договореното место до Охрид и назад;
  • Комплет систематски преглед пред одржување на кампот во Клиника „Жан Митрев“ со обезбеден превоз во два правци за секој учесник надвор од Скопје;
  • Медицинска подршка 24/7 за време на одржување на кампот која ќе ја спроведува медицински тим од Клиника „Жан Митрев“;
  • Комплет осигурување со нашиот партнер Евроинс Осигурување, за секој учесник на кампот,
  • Комплетна тренинг програма за време траење на кампот, специјална спортска исхрана за млади спортисти, како и останати едукативни активности (предавања, советувања итн) вон тренажниот процес.

Услови и обврски на секој учесник на кампот и неговите родители:

  • Да уплати договорената сума за кампот од  14.750 денари денари на жиро сметка на агенцијата „КМГ Спорт“ со можност на четири рати и тоа: 1. Првата рата 7 (седум) дена по пријавувањето преку пополнување на формуларот; 2. Втората рата најдоцна до 1 Април 2018; 3. Третата рата најдоцна до 1 Мај 2018 и 4. Четвртата рата најдоцна до 1 Јуни 2018,
  • Да обезбеди превоз за своето дете – учесникот до договореното место за тргнување и да го пречека по завршување на кампот,
  • Да гарантира за точноста на податоците со кои е пополнет формуларот,
  • Да се придржува на правилата на однесување на тренинзите како и во слободното време, а ти се: Во случај учесникот на кампот да не се приддржува кон правилата на однесување на кампот, а со тоа ја нарушува дисциплината помеѓу останатите учесници, КМГ Спорт, како организатор, го заддржува правото да го опомене учесникот и да го извести родителот.  2. Доколку и по опомената, учесникот не го корегира своето однесување, организаторот има право да го отстрани учесникот од кампот со што претходно ќе го извести родителот за таквата постапка,
  • Условите се однесуваат за ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ кој оваа година ќе се одржи во две смени и тоа од 20 – 26 Јуни и 26 Јуни – 02 Јули 2018 година во Охрид,
  • Матерјалите кои ќе се продуцираат (слика и видеа) на кампот за правење на прилози се исклучива сопственост на КМГ Спорт како организатор и може да ги употребува во маркетиншки цели , а со тоа во целост се согласува и го одобрува родителот,
  • Доколку дојде до откажување на кампот по вина на организаторот, организаторот е должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на учесникот на кампот,
  • Доколку дојде до откажување на кампот поради виша сила (временска непогода, воена или вондредна состојба и сл.), организаторот е должен во целост да ги врати уплатените средства на родителот на секој учесник на кампот,
  • Доколку родителот или учесникот го откаже своето учество на кампот од било која причина по истекот на рокот за пријавување (15 Мај 2018 година), организаторот има право да задржи 30 % од вкупниот износ за учество на кампот, а родителот се согласува со тоа,
  • Доколку учесникот е пријавен за учество на кампот по 15 Мај организаторот не е обврзан да обезбеди превоз за специјалистичкиот преглед, а родителот се согласува со тоа,
  • Доколку учесникот на кампот помине специјалистички преглед, а подоцна го откаже своето учество на кампот организаторот на кампот има право да задржи 30% од вкупниот износ за учество на кампот, а родителот се согласува со тоа,
  • Доколу учесникот на кампот не го помине систематскиот преглед пред одржувањето на кампот, тој нема право да учествува на кампот и организаторот е должен во целост да ги врати уплатените средства.