Вечер посветена на јубилејот 5 години ракометен камп “Кирил Лазаров 7”

//Вечер посветена на јубилејот 5 години ракометен камп “Кирил Лазаров 7”

Вечер посветена на јубилејот 5 години ракометен камп “Кирил Лазаров 7”

Во просториите на Порта Мaкедонија вчера вечер Кирил Лазаров со своите партнeри, соработници, луѓе од ракометот медиумите и неговиот тим официјално ја одбележа петтата јубилејна година на кампот чии идеен творец е тој. Ние од КМГ Спорт Агенција како организатор на овој камп сакаме со Вас да го споделиме следното…

Вчерашниот настан не обединува сите во име на таа љубов кон ракометот и секој од нас на свој начин влијае посредно или непосредно, ракометната приказна на нашата Македoнија да трае и да се раскажува. Дел од тој мозаик на најпопуларниот спорт во татковината е и одржувањето на ракометниот камп ” Кирил Лазаров 7″, кој што оваа 2019 година го имаше своето 5 јубилејно издание, мал јубилеј но за нас голем заради многу причини. Заради приматот кој го добива овој камп не само на далечина од 1000 км на сите четири страни од родната земја туку и многу подалеку. Заради организацијата, тренерскиот тим, професионална реализација на богатите содржини кои од година во година дoбиваат на квалитет и секако најсилната причина за камп од светски ранг е 24 часовното присуство на најдобриот стрелец на планетава во тие 14 дена.

Живеењето на Кире со децата на кампот ги мотивира да бидат од ден во ден подобри. Можноста да учат од најдобриот, да го слушнат неговиот збор, е стимул за секој од нив. А другарствата и пријателствата кои таму се раѓаат остануваат за цел живот.

Камп на кој сите се еден, без оглед кој од каде доаѓа, потекнува, колку е голем или мал, колку има или нема. Потврда за тоа е огромниот интерес да се биде дел од кампот, бројот на децата учесници, професионалните тренинзи, прекрасните спомените и неизмерливата количина на љубов кон ракометот на секој кој бил дел од кампот на Лазаров во изминативе години. Од првиот камп во 2015 па до петтиот имавме 1424 учесници , 65 тренери, прославивме 58 родендени ,потрошивме 10584 часа ракомет, доживеавме 358 часа дружњее и забава. Петтиот јубилеен ракометен камп на капитенот оваа година го имаше најбројното семејство. Рекордната бројка од 400 деца момчиња и девојчиња од Македонија 13 Европски земји и Египет. Учесниците беа распоредени во две смени од 19 јуни до 1 јули е само потврда колку овој камп е посакувана содржина на децата од 7 до 18 години , за кои ракометот е спорт број еден и чии идол е Лазаров. Поделени во соодветни групи децата имаa 2 пати дневно тренинзи , а остстокот од времето беше прилагоден на нивната возраст и интереси.

Петто лето со најдобриот стрелец на светот. Тоа беше нашиот слоган за овогодинешниот камп. Функциониравме како едно огромно семејство тренерскиот тим, децата, луѓето од логистиката.

Кампот е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба од повеќе аспекти и насоки , во делот на спортот практично , но и теоретски преку едукација на теми блиски и потребни за градење на индивидуата за доброто на колективот. Часовите на кампот, се најдобро поминато слободно време за младите ракометари. Според програмата сите членови на кампот имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, дружење и многу забава. Во поглед на организацијата секое дете но и тренер задолжително беа подложени на спортски медицински преглед од страна на тимот на д-р Жан Митрев , чија медицинска екипа беше 24 часа медицинско обезбедување на кампот. Бидејќи здравјето на нашите кампери е најважно од се. Имавме Организиран превоз за сите учесници од Македонија, осигурување од несакани повреди, опрема од брендот ” Хумел” чие заштитно лице веќе неколку години е Лазаров . Седум дена 6 полни пансиони во хотелот “Аквалина” кој има идеална инфраструктура и содржини за реализација на спортски кампови и подготовки на спортисти професионалци.
Комплексот располага со сопствена плажа за незаборавни моменти со прекрасна местоположба а од оваа година и базен кој придонесе за поефективно трошење на слободното време , повторно во духот на спортот и добрата забава. Аквслина е нашето второ дома.

На Кaмпот на капитенот во 2015 година учестваа 120 деца само од Македонија, што беше и првичната замисла на неговиот идеен творец Лазаров.Но, името и големите достигнувања на Кирил во светски рамки беа во фокусот на интересот и на децата надвор од границите на Македонија .Млади групи ракометари од многу земји меѓу кои Данска, Шветска, Романија, Словенија, Босна , Шпанија , Србија и други дојдоа во Охрид да учат од најдобриот десен бек на светот. Tој своето огромно акомулирано ракометно искуство несебично го споделува со сите децат, со оние кои првпат ја допираат ракометарската топка како и со децата на кои ракометот е дел од нивното секојдневие, ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и личности за пример Дел од нив кои биле на овој камп денес ги бранат боите на Македонија.
Благодарение нa Вас почитувани медиумски куќи, интернет портали, надалеку и подетслно се прочита, слупшна и виде како се живее на кампот и на кој начин поминуваат тие 2 седмици.
Благодарение на Вас почитувани партнери, кои со своето присуство на кампот и ова лето покажавте дека како ооштествено одговорни компании својата мисија ја насочувате во вистински правец а тоа се младите и спортот, кампот доби на уште поголем квслитет. Ви благодариме на поддршката, подадената рака, и препознавањети на РАКОМЕТНИОТ КАМП КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7 за вистинско место и простор каде сте присутни се надеваме и во иднина ќе бидеме заедно, заради таа голема љубов наречена ракомет.

Заради нашата спортска икона Кирил Лазаров.

By | 2019-12-23T15:54:56+00:00 December 23rd, 2019|Главни Новости|0 Comments