Лазаров: Треба напорно да се тренира, особена многу повеќе кога си млад

//Лазаров: Треба напорно да се тренира, особена многу повеќе кога си млад

Лазаров: Треба напорно да се тренира, особена многу повеќе кога си млад

Шпанскиот медиум „balonmanoveteranos“ го опишуваат Кирил Лазаров како голем професионалец и спортист и среќни се што уживаат во неговите игри. Продолжуваат дека е еден од најдобрите играчи во историјата на ракометот на десната страна и како успева да ја одржи формата толку години.

Во интервју дадено за нив, Капитенот зборува за својата кариера, начинот на тренирање и колкава жртва треба да се даде за да се дојде до посакуваната цел.

„Многу сум дисциплиран и професионалец, дури уште повеќе после 30тата година. Го сакам ракометот и сакам што е можно подолго да играм и тоа во екипи кои нешто значат. Многу жртвува за да ја остварам оваа цел и за тоа сум многу задоволен и горд. Мислам дека може да биде добар пример како може нешто да се постигне. Морам да признаам дека ми се годи што има луѓе кои тоа го ценат, бидејќи малку луѓе ги знаат моите жртви сите овие години“

Шпанскиот медиум го праша што е потребно за да се дојде до ова ниво.

„Треба напорно да тренираш, особена многу повеќе кога си млад. Мислам дека си го познавам добро моето тело и знам како функционира и тоа ми помага да бидам подготвен за тренинг секој ден. Некогаш чувствувам дека ми недостига посилен тренинг за да влезам во форма. Но, има и моменти кога го чувствувам моето тело дека е заморено и барам одмор од моите тренери, за пак да рекуперирам и да бидам од помош за екипата. Многу е важно да си го познаваш телото и со текот на годините да стане рутина и многу да ти помага“

„Треба многу часови работа, да тренираш да размислуваш и анализираш како да бидеш подобар. Бидејќи ракометот се подобрува секоја година. Мора да имате трпеливост, верба и да верувате многу во себе“ изјави капитенот на македонскатa репрезентација Кирил Лазаров

 

By | 2019-09-22T21:05:36+00:00 September 22nd, 2019|Главни Новости|0 Comments