Асс. д-р Наташа Чучкова–Никчевска: Која е вистинската формула за правилна исхрана на вашето дете?

//Асс. д-р Наташа Чучкова–Никчевска: Која е вистинската формула за правилна исхрана на вашето дете?

Асс. д-р Наташа Чучкова–Никчевска: Која е вистинската формула за правилна исхрана на вашето дете?

Која е вистинската формулата за правилна исхрана на Вашите деца, пишува Асс. д-р Наташа Чучкова–Никчевска, педијатар дел од тимот на Жан Митрев Клиник, а која се грижи за здравјето на нашите кампери и селекција на пионери КЛ7

За многу родители периодот кога нивните деца започнуваат да посетуват градинка и училиште, всушност е прв пат кога нивното дете е надвор од домот секој ден и преку речиси целиот ден, заради што стравуваат дека можеби нема да имаат толку многу контрола над она што го јадат нивните деца. Вообичаено нема голем простор за паника во Р. Македонија, бидејќи повеќето градинки имаат соодветно скроени менија кои ги подмируваат нутритивните потреби на децата во раст. Во некои градинки се носи спакувана храна од дома, тогаш пакувањето на здрави оброци за ручек и ужинки во текот на денот ќе им помогне да ги одржат навиките за здрава исхрана. Поучувањето на вашето дете за здрава храна ќе го поттикне да прави добар избор во периодот што следи на нивното школување.

Кога сте дома, имајте на ум дека нивните порции треба да бидат помали од вашите, но нивната чинија има иста големина, половина од чинијата треба да е полна со овошје и зеленчук, а остатокот се состои од целозрнести житарки зрна и протеини, како и додаток на млечни производи како млеко/јогурт. Правилната нутриција е најдобриот начин на кој можете да му помогнете на вашето дете во периодот кога расте, а со тоа да го поткрепите и да го промовирате нивниот правилен раст и да ги поставите темелите за доживотно здраво живеење.

Исхраната за деца се базира на истите принципи како и исхраната за возрасни. Секое дете има потреба од истите видови на хранливи материи, како што се витамини, минерали, јаглехидрати, протеини и масти. Децата, сепак, имаат потреба од различни количини на одредени хранливи состојки на различна возраст.

Која е вистинската формула што ќе ви биде корисна за да знаете дека правилно ги исхранувате вашите деца?

Подолу се наведени основните групи на нутритиенти кои ќе ви овозможат правилна нутриција за растот и развојот на вашето дете.

Типови и групи на храна кои треба да се основата во секојдневната исхрана на вашето дете:

ПРОТЕИН

Одберете протеини од животинско потекло како месо и живина, морска храна, јајца, грав, грашок и несолени јаткасти плодови.

ОВОШЈЕ

Охрабрете го вашето дете да јаде различни типови на свежо овошје, понекогаш и замрзнато или сушено овошје. Ако вашето дете пие сок, бидете сигурни дека тоа е 100% сок, без додадени шеќери и притоа ограничете ја количината до 150-200 мл. Имајте на ум дека половина чаша суво овошје се брои како една чаша од свежо овошје. Кога се консумира во изобилие, сушеното овошје може да придонесе во внесување на екстра калории.

ЗЕЛЕНЧУК

Потрудете се да им дадете разновидни, по можност свежи зеленчуци. Секој ден во неделата во исхраната вклучете зеленчук, било со темнозелена, црвена или портокалова боја, потоа грав и грашок, скроб и друго. При изборот на конзервиран или замрзнат зеленчук изберете опција без сол/адититиви.

ЖИТАРКИ

Одберете цели зрна, како што е лебот од цело зрно на жито, овес, пченка, ориз и други нерафинирани житарки. Ограничете употреба на рафинирани/обработени житарки.

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Охрабрете го вашето дете да јаде нискомаслени млечни производи, како што се млеко, јогурт, сирење.

Целта е да се ограничат калориите кои вашето дете ги внесува од:

Додавање на дополнителни шеќери во исхраната.  Во хранителните продукти има шеќери, како што се оние со овошје и млеко, но да се фокусирате да не додавате дополнително шеќери. Примери на додаден шеќер вклучуваат кафеав шеќер, сируп од пченка, мед, маџун и друго.

Ограничете го внесот на заситени и трансмасти.  Тоа се масти кои доаѓаат главно од животинско потекло на храна, како што се црвено месо, живина и полномасни млечни производи. Заменете ги заситените масти со растителни масла или масла од јаткасти плодови (ладно цедени масла), кои обезбедуваат есенцијални масни киселини и витамин Е. Ограничете го внесот на трансмасти, преку избегнување на храна која содржи хидрогенизирани масла.

Калориски потреби според возрасните групи и полот на детето

Возраст од 4 до 8 години за девојчиња

Калории: 1200 – 1800 во зависност од растот и нивото на активност

Протеини: 80-150 грама

Овошје:  1-1,5 чаши

Зеленчук:  1,5-2,5 чаши

Зрнести житарки: 100-200 грама

Млеко до 2,5 чаши

Возраст од 4 до 8 години за момчиња

Калории: 1200 – 2000 во зависност од растот и нивото на активност

Протеини: 50-150 грама

Овошје:  1-2 чаши

Зеленчук:  1,5-2,5 чаши

Зрнести житарки: 100-200 грама

Млеко до 2,5 чаши

Возраст од 9 до 13 години за девојчиња

Калории: 1400 – 2200 во зависност од растот и нивото на активност

Протеини: 120-170 грама

Овошје:  1,5-2 чаши

Зеленчук:  1,5-3 чаши

Зрнести житарки: 140-200 грама

Млеко до 3 чаши

Возраст од 9 до 13 години за момчиња

Калории: 1600 – 2600 во зависност од растот и нивото на активност

Протеини: 140-180 грама

Овошје:  1,5-2 чаши

Зеленчук:  2-3,5 чаши

Зрнести житарки: 140-250 грама

Млеко до 3 чаши

Многу е важно да се промовира и физичката активност во периодот на раст и развој. Тогаш се оформуваат навиките за здрав живот, се оформува и кичмениот столб, мускулите итн. Се препорачува најмалку 30-минутна физичка активност во текот на денот, да се обрне внимание на вежбите за кичмениот столб и исправеното држење на телото, гимнастиката, како и да се ограничи и да се избегнува користење на компјутери и телефони повеќе од 40 минути во тек на денот.

Жан Митрев клиник и оваа година ќе биде медицински партнер на јубилејниот петти ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. Исто така 14 дена на кампот 24 часа ќе се врши здравствен мониторинг од страна на медицински тим на д-р Митрев. А пред тоа сите наши кампери пред да дојдат во Охрид ќе бидат прегледани од тимот на д-р Митрев. Ќе им бидат направени кардиолошки прегледи кои вклучуваат: ЕХО на срце и крвни садови , ЕКГ на срце , стрес- тест и лабораторија.

Целиот текст е превземен од: pedijatar.mk

By | 2019-02-14T14:35:20+00:00 February 14th, 2019|Главни Новости|0 Comments