Петто лето со најдобриот стрелец на сите светски и европски првенства

//Петто лето со најдобриот стрелец на сите светски и европски првенства

Петто лето со најдобриот стрелец на сите светски и европски првенства

Драги наши верни и идни кампери, почитувани родители и пријатели, со особена чест и задоволство Ви го најавуваме јубилејното петто издание на ракометниот камп кои ги урива сите рекорди кога е во прашање неговата организацјата и реализацијата. Камп на капитенот на македонскиот национален тим, најдобар македонски спортист, најдобар стрелец на сите времиња, најдобар десен бек , нашата гордост Кирил Лазаров.

„Мал јубилеј но за нас голем“

Од првиот камп во 2015 секое следо лето Кире живее со децата 24 часа, , подготвен целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата интернационална спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати на тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитетна надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари. Ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и добри личности. Дел од нив кои биле наши кампери веќе ги бранат боите на Македонија што нас не прави посебно горди.

Изминатите четири години на нашиот камп поминаа повеќе од 1000 учесници, голем дел од Македонија но и ракометари од цела Европа. Насмевката на нивните лица, задовоството кај нивните родители е наша најголема награда и потврда дека рабоите се одвиваат во вистинска правец на задоволство на сите, не заборавајќи дека секогаш може подобро. Ветувањето дека повторно ќе се видиме и следната година е вообичаен поздрав на нашите кампери на крајот на секој камп.

„Заради бројот на децата, земјите, тренинзите, спомените и неизмерливата количина на љубов кон ракометот“

Во јуни 2019-та година Капитенот ќе го реализира својот петти јубилеен ракометен камп. И оваа година кампот ќе се одржи во две смени и тоа:

  • Прва смена од 19 – 25 Јуни 2019 година,

  • Втора смена од 25 – 01 Јули 2019 година.

Кампот е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба од повеќе аспекти и насоки (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон,градење на индивидуата за доброто на колективот) . Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци и големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, едукативни предавања на темикои им се неопходни во овој период на нивниот живот, дружење и многу забава.

Комплетна понуда на четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

  • Седум дена ракомет и дружење со Капитенот:

Седум дена со човекот кој во неклку години беше прогласуван за најдобриот десен бек во светот на ракометот и најдобриот македонски спортист, кој со своето ракометно и животно искуство има што да им (по)каже на нашите идни ракометни ѕвезди. Тренинзи со најдобрите македонски тренери и ракометари и тренерски и играчки гости од странство.

  • Сместување и трениг програма:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во Хотел „Аквалина“ – Охрид, 7 дена (6 полни пансиони) во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа за незаборавни моменти и прекрасна местоположба а од ова лето и базен кој ќе придонесе за поефективно трошење на слободното време , повторно во духот на спортот и добрата забава

  • Врвна спортска опрема:

Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема од врвен производител за тренинг и за часовите кога не сме на терен.

  • Превоз за секој учесник:

Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад.

  • Комплет систематски преглед и медицинска подршка:

Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет медицински преглед од нашиот медиццински партнер, Клиника „Жан Митрев“ со обезбеден превоз за секој учесник до болницата и назад за сите учесници надвор од Скопје. Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник, 14 дена медицинско обезбедување.

  • Специјална исхрана за млади категории спортисти:

За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на спортот и нутриционизмот.

  • Предавања на врвни македонски и странски предавачи

За време на кампот се одржуваат повеќе предавања во насока на едукација на нашите учесници во делот на правилна спортска исхрана, спортска психологија, спортски бон-тон, начин на однесување на поединецот како дел од тимот итн.

  • Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид, часови по пливање

Во текот на седум дена ракометен камп, покрај двојната доза тренинзи, нашите кампери ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со капитенот Кирил Лазаров како и со деца од целиот свет, со брод да го прошетаат Охридското езеро и накусо да се запознаат со Балканскиот Ерусалим – Охрид, да научат да пливаат и веслаат со лиценцирани тренери итн.

  • Осигурување за секој учесник:

Секој учесник на кампот ќе има комплетно осигурување за време на одржување на кампот, овозможено од официјалната осигурителна компанија на кампот, Евроинс Осигурување.

  • Диплома и за учество на кампот:

Секој учесник на кампот ќе добие диплома за учество на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ заверена од капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на францускиот Нант , Кирил Лазаров.

  • Цена и услови на плаќање:

Цената за учество на кампот е 15.750 денари* со можност за плаќање на повеќе рати врз основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на четирирати важи за пријававување до 1 Март 2019 година плаќањето и е по следниот распоред:

– Прва рата од 4.750 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата,

– Втора рата од 4.000 денари, најдоцна до 1-ви Април 2019 година,

– Трета рата од 4.000 денари, надоцна до 1-ви Мај 2019 година,

– Четврта рата 3.000 денари, најдоцна до 1-ви Јуни 2019 година.

Пријавувањето трае до пополнување на предвидениот број на учесници и може да се направи на следниот линк: ПРИЈАВА

*Забелешка: За секое откажано учество на кампот по терминот 15 Мај 2019 година ја задржуваме првата рата. Учестникот официјално е пријавен со уплата на првата рата и подрврда дека се согласува со условите за учество на кампот.

Се гледаме во Охрид!

КМГ Груп Спорт,

Организатор на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

By | 2019-02-02T21:35:09+00:00 January 28th, 2019|Главни Новости|0 Comments