Нашиот кампер “Островјанецот” Филип Андонов новото име во јуниорската репрезентација на Македонија

//Нашиот кампер “Островјанецот” Филип Андонов новото име во јуниорската репрезентација на Македонија

Нашиот кампер “Островјанецот” Филип Андонов новото име во јуниорската репрезентација на Македонија

“Кампот на Кире го паметам како нешто најубаво среќен сум што учев од најдобриот ракометар , тоа е драгоцено искуство за мене.”

Средбата со Филип ја остваривме во Маврово каде нашите јуниори се подготвуваа за престојниот ЕХФ шамоионат на кој ние сме домаќини. Убава е сликата што меѓу сите тие избраници за носители на националниот дрес видовме многу наши некогашни кампери, тогаш деца, денес веќе момчиња.

“Кире прв пат го видов во 2009 година, фотографија која ја објавија многу медиуми во Македонија ја понесов со мене на камп. Тогаш имав само 10 години и се сеќавам по поразот на Македонија во Рејкјавик на натпреварот кој беше одлучувачки за да се оди на СП во Австрија. Кире седеше на паркетот а јас успеав да слезам на теренот и да го видам од непосредна близина, не знаете колку бев пресреќен. Тажен за изгубената можност но радосен што го видов Кире. Следната средба беше шест години подоцна на неговиот прв камп во Охрид. Тоа лето бев со моите родители кои се родум од Скопје во Македонија, терминот се поклопи со кампот и секунда не размислував каде ќе поминам 7 дена. Кога пристигнав на кампот, на Кире му ја покажав фотографијата и му се претставив дека јас сум детето од неа. Бев среќен исто како и во 2009 кога прв пат го видов. Кампот на Кире на кој бев во 2015 година го паметам како нешто најубаво, среќен сум што учев од најдобриот ракометар, тоа е драгоцено искуство за мене. Обврските со мојот клуб ме спречија уште еднаш да бидам дел од него, ни раскажа Филип Андонов, новото име кое се најде во поширокиот список на селекторот Брестовац. Момче кое од своето раѓање (1998 год.) живее во земјата во која нема шуми, но има јата китови, земја која е лидер во европскиот наталитет, во која омилената реченица на жителите е „Tetta reddast“ во превод “Се ќе се реши”, остров во кој ракометот е национален спорт број еден, Исланд.

Нашиот “исланѓанец” Андонов останува и единствениот од земјата остров кој бил наш кампер а неговото присуство на кампот му го трасираше патот кон националниот тим.

“Кампот беше одлично организиран, таму не достига ништо. Кире и неговиот тим мислеле на се. Квалитетни професионални тренери, кои имаат интернационално искуство, со нас работеше и одличен кондиционен тренер. Гости тренери кои со нас тренираа индивидуално. Фасциниран сум од присуството на Кире на сите тренинзи. Без оглед дали се момчиња или девојчиња, дали имаат 6 или 17 години, тој своето знаење го пренесуваше на сите. Доктори, физиотерапевти, организатори, медиуми, здрави оброци, навистина таму имаше баш се. Кампот не е само ракомет, иако имаше голема дисциплина ние децата имавме голема дружба, забава, музика, анимација за најмалите. Јас и денес ги одржувам контактите со многу деца од различни земји кои ги запознав во Охрид. Би им препорачал на сите кои сакаат и можат да заминат на овој камп тоа да го направат, бидејќи таму Ве учат најдобрите тренери од Балканит но и од силни ракометни европски земји. Горд сум на се што научив на кампот а еве денес сум и повикан на подготовките и ќе се борам за место во јуниорската репрезентација на Македонија”, ни раскажа Андонов.

А нас како организатори на кампот на капитенот, не радува податокот што помеѓу 334.252 жители колку што има Исланд (според последниот попис од 2016 год.) од кои 52 принцези, 59 витези и 18 каубојци живее и нашиот кампер Филип Андонов, Неговата ракометна приказна започнува на ЕП во Србија, гледајќи ја македонската репрезентација посакува да стане ракометар. Од тогаш ракометот му е дел од секојдневието.

Неговиот клуб е Грот во кој игра и за младинците и за првиот тим на клубот. Иако живее во земјата која години наназад е прогласувана за најпосакувана земја за живеење тој мечтае за Македонија. Местото за кое треба да се избори во репрезентацијата е пивот. Во матичниот клуб Грот игра и во одбрана.Му посакуваме многу успех со надеж дека еден ден ќе ја почувствува тежината на националниот дрес и ќе го живее играјќи ракомет под ова наше Сонце иако велат дека токму неговиот роден Исланд е земјата во која “живее” Сонцето бидејќи во зимите нема ден а во летата нема ноќ.

Среќно наш камперу.

By | 2018-07-17T11:17:46+00:00 July 17th, 2018|Главни Новости|0 Comments