За здрави кампери тимот на д-р Жан Митрев буден 24 часа

//За здрави кампери тимот на д-р Жан Митрев буден 24 часа

За здрави кампери тимот на д-р Жан Митрев буден 24 часа

И ова лето на четвртиот камп на капитенот 14 дена со нас беше медицинска екипа од клиниката “Жан Митрев”. Пет медицински лица меѓу кои 3 доктори и 2 физиотерапевти својата професионалност ја покажаа уште еднаш.

Мини амбулантата беше сместена непосредно до терените на кои секојдневно децата тренираа. Медицинскиот тим додека траеа тренинзите беше постојано присутен со цел веднаш да се интервенира доколку се случи некоја повреда. Максимално подготвени со потребната опрема, медицински помагала, медикаменти, здравствените лица одговорија на сите проблеми и ситуации кои ги имаа децата поврзани со нивното здравје.

Променливото време им “отвори” работа на лекарите, настинки, црвено грло, благо покачена телесна температура. Во неколку случаи за да се отфрли секаков сомнеж за посериозна повреда на децата им беа направени дополнителни снимања. Сите беа без фрактури. Со соодветен третман и терапија децата ги продолжија тренинзите но имаше и такви кои мораа да мируваат.

 

Присутноста на медицинскиот тим на најпознатиот македонски кардиохирург и 24 часовниот мониторинг на нашите кампери го практикуваме уште од првиот камп во 2015 година. Благодарение на нив децата ни се здравствено покриени што ни е најбитно како организатори на кампит во кој во двете смени медицинскиот тим се грижеше за здравјето на 300 деца.

Благодарност до д-р Митрев кој со оваа соработка по којзнае кој пат ја потврдува многупати покажаната општествена одговорност на дело на оваа клиника, на која во 2015 и беше доделено и признание од страна на Владата на РМ, за проектот “Тука кога сме најпотребни”.

By | 2018-07-09T10:01:58+00:00 July 9th, 2018|Главни Новости|0 Comments