Покрај ракометот паралелно стекнуваме здрави навики

//Покрај ракометот паралелно стекнуваме здрави навики

Покрај ракометот паралелно стекнуваме здрави навики

Нашите кампери во Охрид поминуваат преубави камперски денови кои се помнат за цел живот. Нивниот престој на кампот не е само тренирање ракомет туку паралелно и учење на вредности и стекнување на здрави и добри навики. Навики кои утре ќе им користат и на нив, но и на заедницата од која се дел. Работи кои децата ги прифаќаат и по нив се водат во целиот живот.

Тие знаат што значи здрава исхрана и чиста околина. Едукативните содржини практично ги применувавме и на овој камп. Заедно со пријателите на кампот, чуварите на чиста животна средина „Пакомак” нашите кампери беа деца за пример. Преку селекција на отпадот покажаа дека ништо не е тешко и се можеме ако сакаме и ако размислуваме и за доброто на идните генерации. Хартијата во еден, а пластиката во друг сад за отпад, камперите знаат дека поделениот отпад може полесно да се рециклира. И тоа го правеа на кампот но и дома и секаде кај што одат. Така треба да размислуваме и да дејствуваме сите, секогаш.

„Иако ракометот е тој што не спојува и е главна содржина од секој ден на кампот, од огромно значење е каков пример со своето однесување и своите постапки е нивниот спортски идол Лазаров, па и останатите тренери и предавачи. Токму затоа се трудиме на овие млади личности да им наметнеме вистински вредности и навики.
Во таа насока е нашата соработка со Пакомак, компанија која се занимава со селекција на отпад и во чија концепција на функционирање младите се во центарот на вниманието.“ – Горан Ѓоргоноски, менаџер на КМГ Спорт, организатор на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

By | 2018-07-03T19:22:48+00:00 July 3rd, 2018|Главни Новости|0 Comments