Секој има сон кој е различен, но едно треба да ни е заедничко, како да се биде најдобар

//Секој има сон кој е различен, но едно треба да ни е заедничко, како да се биде најдобар

Секој има сон кој е различен, но едно треба да ни е заедничко, како да се биде најдобар

Чест ни е што и на овој камп со своите предавања две признати имиња го збогатија едукативниот дел. Некогашни врвни спортисти денес доктори во своите области на образование. Деканката на ФФК проф.д-р Ленче Алексовска Величковска и проф. д-р Гино Стрезовски редовен професор на катедрата по ракомет на ФФК. Личности кои во своето поле на делување оставиле длабоки траги и придонес за развојот на спортот и атакување кон повисоки цели и достигнувања на професионалните спортисти.

Деканката одржи предавање на тема: „Психолошка подготвока на млад спортист“. Ставајќи акцент на личноста/спортистот како индивидуа и неговото однесување во групата/тимот. Таа нагласи дека голманите се индивидуалци во колективните спортови. Според неа чуварите на голот имаат поразлична социјална интелегенција во споредба со другите играчи во тимот. Тие се самостојни лидери во групата со кои мора секогаш да имаме добра комуникација. Ракометот е интелигентен спорт и ако сакаме да бидеме врвни професионалци мораме да бидеме како машини, во постојана борба со себе си. На тој пат имаме психолошки непријатели меѓу кои ја нагласи тремата но и огромната желба за победа, пренагласената мотивација. Секогаш мора да дишеме со тимот. Секој има сон кој е различен, но едно треба да ни е заедничко, како да се биде најдобар. Позитивната мисла и позитивниот пристап кон тренингот секогаш треба да не води напред.

Професорот Стрезовски пред нашите тренери од кампот одржа предавање на тема: „Современи медоти и пристап во ракометот”. Тренерот на деценијата, детално во својата панел дискусија зборуваше за тренажниот процес од сите аспекти на неговото инмплементирање со нагласок на правилниот начин на реализирање на сите негови делови и фази. Задржувајќи се најмногу кај младите играчи и категории. Секогаш треба да се придава подеднаква важност на целокупниот тренинг од моментот на влегување во сала до последната минута од тренингот. Тој зборуваше за методите за усовршување на млади играчи, со објаснување на секоја етапа од нивниот развој како ракометари.

Правилно трчање, исфрлање и додавање на топка до начинот на кој играчот во таа брза акција треба да падне, да го постави телото за да се избегнат не сакани последици.
Праксата е основата која се организира преку тренинзите, но теоретски дел е суштинска потреба за тренерите во чии раце се децата/младите кои почнуваат да созрева и да се оформува како личности, идни прифесионални спортисти.

By | 2018-06-30T13:53:27+00:00 June 30th, 2018|Главни Новости|0 Comments