Денот започнете го со вода и разбудете се сами без аларм – Проф. д-р Ванчо Поп Петровски гостин предавач на кампот

//Денот започнете го со вода и разбудете се сами без аларм – Проф. д-р Ванчо Поп Петровски гостин предавач на кампот

Денот започнете го со вода и разбудете се сами без аларм – Проф. д-р Ванчо Поп Петровски гостин предавач на кампот

“Мене ми се потребни три часа за вовед па потоа да почнам со предавање”, вака низ шега проф. д-р Ванчо Поп Петровски го започна свето предавање на нашите најмали кампери. Преку интеракција со децата остави голем впечаток на секое од нив. Интересен, динамичен, комуникативен и оваа година овој некогашен врвен гимнастичар направи ниту едно од децата да не трепне додека тој зборува.

Тема на која раскажуваше некогашниот врвен гимнастичар кој завршил два факултета, (медицински и факултет за физичка култура ) беше “Храната како битен фактор кај почетнците спортисти”. Предавањето беше адаптирано и интерпретирано според возраста на малите слушатели од страна на професорот кој во неколку наврати им потенцираше на децата дека не смее да го поминат денот без доволно витамини, овошје, зеленчук и многу вода. Ги советуваше нашите идни ракометари да научат наутро да се будат сами не со аларм, бидејќи со тоа уште не разбудени му прават стрес на организмот. Задолжително две чаши вода наутро и денот може да почне, повторуваше професорот.

Се она што го има на зелените пазари треба да го има и во нашето дневно мени. Мешунки, зеленчуци , овошје, јаткасти плодови од кои акцент стави на бадемите. Белите шеќери чоколадите и слатките работи да се заменат со овошје, мед, малтекс или маџун. Сите овие производи професорот ги доближи до децата раскажувајќи им кое што е , како се произведува и колку да се зема во текот на денот. Оброците да бидат почести, вкупно со ужинки да се трудиме да јадеме 5 пати на ден. Путер да маргарин не, советуваше професорот. Многу мешунки да се јадат од кои грашокот може и без термичка обработка. Истото важи и за зелените тиквички нив можеме само убаво да ги измиеме и свежи да се конзумираат како салата . Пченицата во комбинација со мед е најслаткиот десерт рече професорот.

Неговото предавање беше покриено со соодветни слики, слајдови и статистички вистини кои се дел од долгогодишни истражувања кои проф. д-р Ванчо Поп Петровски ги има запишано во преку 80 стручни и истражувачки трудови.

По предавањето беа поставувани и прашања од страна на децата кои беа активни слушатели во текот на 60 минутниот час за здрава исхрана кај идните спортисти.

By | 2018-06-24T18:12:11+00:00 June 24th, 2018|Главни Новости|0 Comments