Од Брестовац и ова лето ќе учат нашите кампери

//Од Брестовац и ова лето ќе учат нашите кампери

Од Брестовац и ова лето ќе учат нашите кампери

Селекторот на кадетската и младинската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац и ова лето ќе биде дел од тренерскиот тим на кампот на капитенот. Омилен меѓу децата некогашниот репрезентативен голман сега актуелен тренер на Луксембуршкиот клуб “Ред Бојс Диферданж” од почетокот на кампот е со Лазаров. На најдобар можен начин ја спроведува на дело идејата на капитенот, еднаквост на сите деца и надоградба со професионален пристап.

Тренер кој бил учесник на многу ракометни кампови во Европа, најдобро може да ја направи споредбата на нашиот камп со другите камповите на кои учествувал. Неговиот прв избор е секогаш овој камп. Брестовац летово ќе биде заедно со децата од втората смена која започнува на 26 јуни, од Луксенбург ни го изјави следното:

“Повторна средба со веќе познати лица, запознавање на нови, задоволство и радост после седум дена исполнети со тренинзи, дружење и забава е она што ме поттикнува да со ист ентузијазам го чекам и ова лето!”

Почитувањето и дисциплината е основата на добрата релација тренер-играч. Се останато е тренинг. Прифаќањето и учењето на ракометот не зависат само од желбата на играчот, без добар ракометен “даскал” тешко се совладуваат лекциите на терен.

Се гледаме во Охрид !

By | 2018-04-20T09:08:04+00:00 April 20th, 2018|Главни Новости|0 Comments