Овој проект на Лазаров е созреан да „докторира“ во делот организација на спортски настан

//Овој проект на Лазаров е созреан да „докторира“ во делот организација на спортски настан

Овој проект на Лазаров е созреан да „докторира“ во делот организација на спортски настан

Тој е дел од тимот на капитенот Кирил Лазаров од првиот ден на одржување на кампот вложувајќи се максимално во работата со нашите кампери. Играч со неверојатно долга и успешна кариера настапувајќи во најдобрите клубови од нашата држава но и во странство, со титули во сите тимови во кои настапувал до сега. Репрезенативец кој бил фундаментален дел од најголемите успеси на нашиот национален тим изминативе петнаесетина години.

Бранислав Ангеловски, целото свое знаење кое го стекнал низ годините наназад играјќи во тимови од земји како Хрватска, Франција и Швајцарија, теоретски надградено последните години, подготвен е несебично да го сподели со учесниците на нашиот камп овој јуни во Охрид. Исто така, последниот период го стекнува потребното искуство во работа со млади категории во клубот во кој ги помина последните неколку години, Доброгеа Суд (Романија) и „работи“ на случајот на стекнување на највисоката тренерска лиценца „Мастер коуч“.
„Иако сме млади во постоењето на овој проект, само три години, сепак доволно сме искусни и со квалитетот кој го понудивме минатата година веќе ја имаме положено „матурата“ во организација на ваков тип на настани. Брзината со која напредуваме ни дава за право да размислуваме за „докторат“, а за нас тоа значи ракометниот „Кирил Лазаров 7“ да биде најдоброорганизиран и најквалитетен не само во нашата држава туку и во поширокиот регион, затоа што името Лазаров не е само синоним за ракомет. Тоа е синоним за успех во многу поширока смисла.“ – изјави Ангеловски за официјалниот сајт на кампот.

Се гледаме во Охрид!
By | 2018-04-13T13:26:52+00:00 April 13th, 2018|Главни Новости|0 Comments