Кецман: Чест и задоволство ми е што повторно ќе работам на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

//Кецман: Чест и задоволство ми е што повторно ќе работам на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Кецман: Чест и задоволство ми е што повторно ќе работам на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Минатата година за првпат големото име во светскиот ракомет фантастичната Оља Кецман беше дел од стручниот тим на кампот на капитенот. Недобројните километри кои оваа некогашна репрезентативка на Југославија ги има поминато во ракометот, денес ја прават еден од врвните тренери во женскиот ракомет. Скандинавија како најплодниот ракометен крај од Старата Дама не случајно години наназад ја има Кецман и како свој тренер но и жител. Во краток разговор со нејзе, изрази големо задоволство што повторно ќе биде дел од тренерскиот тим.

“Со голема почит, среќа и задоволство се враќам во Охрид. Познавајќи го Кирил Лазаров знаев дека се што е негов проект е врвно професионално организирано, со многу љубов кон ракометот и татковината. Се радувам на соработката со тренерите на кампот на Лазаров кои посветуваат толку многу труд, искрено внимание и љубов на децата. Горда сум што сум дел од тренерскиот тим кој покрај сите лоши работи кои се случуваат на Балканското поднебје, за нашиот убав спорт, живее и дише со цел на децата да им го пренесе ракометното знаење, внимание и љубов кон овој спорт.“ рече Кецман за kl7.mk

Оливера Кецман за себе вели дека уште додека активно играла ракомет се гледала во тренерските води, па првата шанса на клупата ја доби во „својот“ Ајнтрахт во женската бундес-лига како помошник тренер, во 2006-та година се приклучува на најголемиот спортски колектив во Данска, Сондерјуске, стартувајќи како помошник тренер, а од 2012-та година е носител на двете најодговорни функции во клубот, спортски директор и шеф на стручниот штаб. Среќна е што повторно се враќа во Охрид и што повторно ќе соработува со тренерите од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

„Позитивната енергија и желбата за учење, за мене е главната тема на овој камп. Да се тренира на терени од кои се гледа преубавото Охридско Езеро, покрај големите ракометни имиња од Македонија е голема чест и задоволство. Мило ми е што можам да пренесам малку скандинавска ракометна култура на тоа подрачје. Љубовта и леснотијата во играњето на ракометот покрај професионалната организација на кампот се доволни причини, кампот да е место на кое децата кои сакаат да играат ракомет треба да се присутни. Сакам да им дадам мотив и верба, да веруваат и да знаат, дека со вредна работа, одрекувања, пот и солзи се успева во овој спорт, стекнувајќи вредности за цел живот.” заврши Кецман

Се гледаме во Охрид!

By | 2018-03-21T19:18:47+00:00 March 21st, 2018|Главни Новости|0 Comments