“Ракометниот камп “Кирил Лазаров 7″ прераснува во еден од најголемите и најпознати ракометни кампови во Европа”

//“Ракометниот камп “Кирил Лазаров 7″ прераснува во еден од најголемите и најпознати ракометни кампови во Европа”

“Ракометниот камп “Кирил Лазаров 7″ прераснува во еден од најголемите и најпознати ракометни кампови во Европа”

Добро познат во ракометната јавност, тренер на моменталниот лидер на табелата во домашното првенство РК ” Пелистер” битолчанецот Борче Марковски и оваа година ќе биде дел од стручниот тренерски тим на ракометниот камп на капитенот. Тој е дипломиран професор по физичка култура, одличен педагог, тренер со потврда за врвна ракометна надградба преку посета на сите три модули и стекнување на ЕХФ ПРО лиценца како и 25-годишно тренерско искуство со ракометар(к)и од сите категории.

Од 2001-ва година во повеќе наврати е дел од нашите најдобри национални селекци, а како најдобар досегашен резултат е пласманот на нашите девојки до 19 години на ЕП во Словенија, по повеќегодишна апстиненција на една наша женска националан селекција од големите натпреварувања.

КЛ7 : Марковски Вие сте ракометен тренер и професор кој четврт век работи со многу генерации ракометари. Лани бевте дел од стручниот тим на ракометниот камп “Кирил Лазаров 7”. Уште едно искуство во Вашата богата тренерска кариера.

Ми беше чест и гордост да работам и бидам дел од стручниот тим и да разменуваме искуства со колегите тренери, а посебно со првиот човек на кампот нашиот капитен Лазаров. Драгоцени се неговите искуства и знаења кои ги стекнал од напредните ракометни клубови во Европа.
Тренинзите на кампот и целокупната стручна работа е доверена на стручен тим составен од искусни и обучени тренери кои со својата работа видно придонесуваат за учење на основните елементи и техники во ракометот, како и усовршување на претходно стекнатите знаења од областа на ракометот.

КЛ7: Седум дена имавте можност да видите каков е концептот во текот на 24 часа. Вашите впечатоци за планирањето и организирањето на деновите и времето на децата, нашите кампери.

„Организацијата на кампот е висока, квалитетна со оглед на тоа што точно се испланирани определени активности во одредено време во текот на деновите поминати на кампот. Време на будење, оброци, тренинг , рекреација, слободни активности и забава. Ова придонесува учесниците на кампот да се стекнат со здрави и корисни навики како идни успешни ракометари. Медицинскиот персонал е дел од тимот на кампот кој се грижи и ја следи здравствената состојба на сите кампери 24 часа. Значајна алка во посветеноста кон децата,. Бројка од 150 деца во една смена го бара сето она за кое организаторот размислувал и работел кога го подготвувал концептот за кампот.“

КЛ7 : Цел живот сте во ракометот , сте поминале и многу школи, клубови , кампови. Вашата слика за овој камп?

Ракометниот камп ” Кирил Лазаров 7 ” прераснува во еден од најголемите и најпознатите ракометни кампови во Европа. Доказ за тоа е масовноста и присуството на млади ракометари од Македонија и од повеќе држави од Европа, чии број од година во година се зголемува. Интересот да се биде на кампот и 7 дена да се поминат со Кирил Лазаров е огромен .Затоа што сите тие деца во него гледаат идол, лик и спортист , тие сонуваат еден ден да бидат некој следен Кирил. Се радувам што и оваа година ќе бидам дел од тренерскиот тим на кампот.

Се гледаме во Охрид !

By | 2018-03-06T10:53:27+00:00 March 6th, 2018|Главни Новости|1 Comment