Коцевска: Ќе го пренесам германскиот систем на работа и тренинг

//Коцевска: Ќе го пренесам германскиот систем на работа и тренинг

Коцевска: Ќе го пренесам германскиот систем на работа и тренинг

Таа е наша поранешна јунироска и сениорска репрезентативка која по завршувањето на играчката кариера, настапуваше за повеќе бундес-тимови во Германија, тренерскиот занает веќе неколку години го „пече“ во земјата со најдобрата лига во светот.

Нeјзиното присуство на кампот беше драгоцено , среќни сме што и ова лето ќе биде со нас.

1. На минатогодишниот камп во Охрид за прв пат имавте можност да партиципирате и да работите со нашите кампери. Какви импресии понесовте во Германија од кампот на капитенот Лазаров, од организациски аспект и од квалитетот на настанот?

Н.К: Познавајќи го Лазаров и знаејќи колку е важно за него се да се одвива според планот, не бев изненадена од професионализмот на луѓето одговорни за организација на кампот. За овие 10 години колку што живеам во Германија многу добро научив што е врвна организација и многу ми е мило што истото можев да го видам и доживеам и кај нас во Македонија.

2.Заедно со Јан Барслев кој е трeнер на млади категории во Данска имавте група на девојчиња. Тие беа од Македонија но и од други држави, со нив поминавте 7 дена тренинг. Можете ли да направите паралела помеѓу нашите деца и децата кои доаѓаат на  кампот на Лазаров од странство?

Н.К: Талентот е присутен кај нашите девојчиња, од она што го видов можеби и повеќе од девојчињата од страна, но разликата е во тоа што кај голем дел од девојчиња од Македонија  недостасува дисциплина, желба за напорна рбота и истрајност во моментите кога таа е најпотребна. Честопати повторувам дека патот до успехот не е лесен , мора да се почне цврсто , сериозно,  уште од мали години . Мораш сам да научиш да се бориш, никогаш да не се откажуваш и фокусирано да работиш на тренинг и надвор од тренинг.

3. Импресивен беше Вашиот пристап и методите на работа со Вашата група минатиот јуни во Охрид. Што да очекуваме од „ германката“ Коцевска ова лето ?

Н.К: Јас форсирам малку поразличен начин на тренинг од оној што го знам од Македонија. Една деценија  работа и акомулација на ракомет овде во Германија се плод на  различниот пристап во тренинзите. И ова лето ќе се обидам на младите ракометарки да им пренесам нешто од германскиот систем на работа и тренинг, секако адаптиран на нивната возраст и  категорија.

4. Дали може да очекуваме кампери од Вашата втора татковина ова лето или во годините кои престојат?

Н.К: Радува фактот што има заинтересирани девојчиња од Германија кои сакаат да бидат дел од кампот на капитенот. Но проблемот е во временскиот термин. Има поклопување на крајот на нивната училишна година со времето на одржување на кампот. Се работи за цела една седмица, невозможно е да ја напуштат наставата за да дојдат на кампот. Доколку кампот се одржува малку подоцна јас сум сигурна дека многу почесто од терените ќе се слуша германскиот јазик.

By | 2018-03-06T10:52:06+00:00 February 27th, 2018|Главни Новости|1 Comment