Продолжува соработката со „Жан Митрев Клиник“

//Продолжува соработката со „Жан Митрев Клиник“

Продолжува соработката со „Жан Митрев Клиник“

Непосредно по завршувањето на ЕП во ракомет Кирил Лазаров го посети врвниот кардиохирург д-р Жан Митрев, кому му подари дрес со посвета.

Средбата беше непосредна, пријателска на која се продолжи одличната соработка и партнерство помеѓу “Жан Митрев Клиник” и Ракометниот камп ” Кирил Лазаров 7″. Тоа значи дека и оваа година сите наши кампери пред да дојдат во Охрид ќе бидат прегледани од тимот на д-р Митрев.

Како што беше пракса во изминатите 3 години така и годинава ќе им бидат направени кардиолошки прегледи кои вклучуваат: ЕХО на срце и крвни садови , ЕКГ на срце , стрес- тест и лабораторија. Исто така 14 дена на кампот 24 часа ќе се врши здравствен мониторинг од страна на медицински тим на д-р Митрев.

Овие прегледи се исклучително важни и потребни заради добивање на слика за здравствената состојба и способност на секое дете учесник на кампот, на кој тренинзите ќе се одвиваат 2 пати во текот на денот.

By | 2018-02-11T17:49:35+00:00 February 11th, 2018|Главни Новости|0 Comments