Драги наши верни и идни кампери, почитувани родители и пријатели

//Драги наши верни и идни кампери, почитувани родители и пријатели

Драги наши верни и идни кампери, почитувани родители и пријатели

Со особена гордост и задоволство Ви го најавуваме четвртото издание на најдоброорганизираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.

Кирил е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати во тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од трнери, седум дена дружење, едукација, квалитета надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно врме за нашите млади ракометари. Ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и добри личности.

Изминатите три години на нашиот камп поминаа повеќе од 700 учесници, голем дел од Македонија но и кампери од цела Европа. Насмевката на нивните лица, задовоството кај нивните родители е наша најголема награда. Ветувањето дека повторно ќе се видиме и следната година е вообичаен поздрав на нашите кампери.

Во јуни 2018-та година Капитенот ќе го реализира својот четврти по ред ракометен камп. И оваа година кампот ќе се одржи во две смени и тоа:

  • Прва смена од 20 – 26 Јуни 2018 година,

  • Втора смена од 26 – 02 Јули 2018 година.

Кампот е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн.) . Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци и големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, едукативни предавања за здрава исхрана, дружење и многу забава.

Комплетна понуда на четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

  • Седум дена ракомет и дружење со Капитенот:

Седум дена со официјално најдобриот десен бек во светот на ракометот и најдобриот македонски спортист,  кој со своето ракометно и животно искуство има што да им (по)каже на нашите идни ракометни ѕвезди. Тренинзи со најдобрите македонски тренери и ракометари и тренерски и играчки гости од странство.

  • Сместување и трениг програма:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во Хотел „Аквалина“ – Охрид.

7 дена (6 полни пансиони) во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа за незаборавни моменти и прекрасна местоположба.

  • Врвна спортска опрема – ХУМЕЛ:

Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема од врвен производител – ХУМЕЛ за тренинг и хотел.

  • Превоз за секој учесник:

Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад.

  • Комплет систематски преглед и медицинска подршка:

Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет медицински преглед од нашиот медиццински партнер, Клиника „Жан Митрев“ со обезбеден превоз за секој учесник до болницата и назад за сите учесници надвор од Скопје. Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од три медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник.

  • Специјална исхрана за млади категории спортисти:

За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на  исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на спортот и нутриционизмот.

  • Предавања на врвни македонски и странски предавачи

За време на кампот се одржуваат повеќе предавања во насока на едукација на нашите учесници во делот на правилна спортска исхрана, спортска психологија, спортски бон-тон, начин на однесување на поединецот како дел од тимот итн.

  • Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид, часови по пливање

Во текот на седум дена ракометен камп, покрај двојната доза тренинзи, нашите кампери ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со капитенот Кирил Лазаров како и со  деца од целиот свет, со брод да го прошетаат Охридското езеро и запознаат најубавиот град на Блакоанот  – Охрид, да научат да пливаат и веслаат со лиценцирани тренери итн.

  • Осигурување за секој учесник:

Секој учесник на кампот ќе има комплетно осигурување за време на одржување на кампот, овозможено од официјалната осигурителна компанија на кампот, Евроинс Осигурување.

  • Сертификат за учество на кампот:

Секој учесник на кампот ќе добие сертификат за учество на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ заверена од капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.

  • Цена и услови на плаќање:

Цената за учество на кампот е 14.750 денари* со можност за плаќање на повеќе рати врз основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на четирирати важи за пријававување до 1 Март 2018 година плаќањето и е по следниот распоред:

  • Прва рата од 4750 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата,
  • Втора рата од 4.000 денари, најдоцна до 1-ви Април 2018 година,
  • Трета рата од 3.000 денари, надоцна до 1-ви Мај 2018 година,
  • Четврта рата 3.000 денари, најдоцна до 1-ви Јуни 2018 година.

*Забелешка: За секое откажано учество на кампот по терминот 15 Мај ја задржуваме првата рата. Учестникот официјално е пријавен со уплата на првата рата и подврда дека се согласува со условите за учество на кампот.

За повеќе информации контактирајте не на +389 75 329 745 и на info@kmgsport.mk. Сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк

Се гледаме во Охрид!

Агенција КМГ Спорт,

Организатор на Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

By | 2018-02-01T04:54:33+00:00 January 31st, 2018|Главни Новости|0 Comments