РЕХАУ и Кирил Лазаров продолжуваат заедно да инвестираат во градење на вистинските вредности кај децата

//РЕХАУ и Кирил Лазаров продолжуваат заедно да инвестираат во градење на вистинските вредности кај децата

РЕХАУ и Кирил Лазаров продолжуваат заедно да инвестираат во градење на вистинските вредности кај децата

Водечката фирма во производство на системи од полимери РЕХАУ, која е распространета на сите континенти уште од зародишот на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ е партнер кој ја почитува и поддржува идејата за овој вид  едукација на децата.  Раководителот на РЕХАУ Македонија г-нот Сашко Даев  го препозна проектот како  комплекс на вредности кои на децата треба да им бидат основа за понатамошниот развој  и како спортисти но и како личности.

„РЕХАУ како општествено одговорна компанија  насекаде низ светот се залага во најразлични општествени области. При тоа целта секогаш е долгорочна, ефектот од ракометниот камп на Кирил Лазаров  е нешто што ќе трае, работа која е премногу сериозна и одговорна. Вложувањето во децата е инвестиција во иднината. Вредностите кои го чинат човекот, човек се стекнуваат преку вакви проекти. Затоа ние уште од самиот старт на овој проект во 2015 година сме дел од  кампот и го подржуваме, за здрави поединци кои само преку своја лична едукација и просперитет ќе бидат полезни за колективот и општеството.

Кога задоволството во работата е обострано, тогаш ефектот  е уште поголем.

„Голема чест и задоволство ни е што брендот РЕХАУ го препозна нашиот проект и од самиот почеток ,  веќе трета година  по ред е партнер на нашиот ракометен камп кој расте како на организаторски така и на спортски план и добива се поголема медиумска  застапеност на овие простори . Уште поголемо е задоволството кога знаеш дека работиш со деца инвестираш во нив и ги насочуваш правилно да се развиваат за да можат сами во животот да носат одлуки и да бидат успешни. Ова е еден вид база, основа која ќе им послужи во иднина. Благодарение на партнери како РЕХАУ можеме да обезбедиме квалитетна едукација и одлични услови . Пред се квалитетен стручен кадар кој децата ќе ги насочува кон вистинските вредности во животот“, изјави Лазаров.

By | 2017-12-21T11:29:18+00:00 December 21st, 2017|Главни Новости|0 Comments