Навистина сум импресиониран од она што го направи Лазаров со неговиот камп

//Навистина сум импресиониран од она што го направи Лазаров со неговиот камп

Навистина сум импресиониран од она што го направи Лазаров со неговиот камп

Селекторот на националиот тим на Турција и воедно спортски амабасадор на Република Македонија во Турција, Јошко Миленковски пред стартот на подготовките за ЕП најде време и го посети капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и учесниците на кампот и се запозна со условите во кои тренираат над 150 дечиња од земјата и странство.

„Навистина сум импресиониран од ова што успеа да го направи Лазаров и неговиот тим во изминатите три години откако во Охрид функционира неговиот камп. Условите за тренинг се навистина феноменални, а самото присуство на еден спортист од светски калибар во текот на сите 14 дена колку што трае кампот покажува со колку љубов и желба за пренесување на знаењето настапува Кире спрема овие дечиња“ изјави Јошко Миленковски при посетата на кампот

By | 2017-12-21T11:21:34+00:00 December 21st, 2017|Главни Новости|0 Comments