Спортскиот комплекс на хотел „Аквалина“ и оваа година ќе биде домот на нашиот камп

//Спортскиот комплекс на хотел „Аквалина“ и оваа година ќе биде домот на нашиот камп

Спортскиот комплекс на хотел „Аквалина“ и оваа година ќе биде домот на нашиот камп

Во насока на обезбедување на што подобри услови и поставување на високи стандарди во организација на еден спортски настан од ваков тип, уште при самиот старт на проектот на капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, се одлучивме на долгодишна соработка со хотелот „Аквалина“ – Охрид.

Хотелот „Аквалина“ е хотел од висока категорија кој се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан одалечен 5 км од центарот на Охрид,  комплексот се наоѓа на самиот брег на Охридско езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна.

Двокреветни и трокреветни соби со прекрасен поглед на езерото, конгресни сали за едукативни предавања и кујна која може да одговори на барањата на нашиот тим во однос на приготвување на висококвалитетна храна приспособена на возраста и спортските активности за време на одржување на кампот се дел од содржините на хотелот „Аквалина“.

Затворениот комплекс пред хотелот опфаќа неколку спортски терени кои ги задоволуваат сите стандарди за реализација на комплетната програма на стручниот тим. Покрај терените каде ќе се одржуваат тренинзите хотелот располага со фитнес центар кој ќе биде на располагање на тренерскиот тим.

Прекрасната плажа и езерото се „задолжени“  да го надополнат впечатокот и да врежат незаборавни спомени кај секој учесник на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.

Се гледаме во прекрасниот Охрид!

By | 2018-02-09T15:50:49+00:00 December 17th, 2017|Главни Новости|0 Comments