hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Нема простор за паника, ќе се поправиме во следните натпревари

kire litv

Македонската ракометната репрезентација го забележа првиот пораз во квалификациите за следното Европско првенство. По победата на домашен терен против Естонија (37:33), нашата најдобра ракометна селекција во драматичен натпревар беше надиграна и поразена од Литванија со резултат 29:27.

Повеќе...

Македонските ракометари со пораз се враќаат од Литванија

kd litv

Литванија - Македонија 29:27 (13:12)

Во својот втор натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година, најдобрата македонска машка ракометна репрезентација претрпе пораз во Вилнус од Литванија со 29:27. Ова е чекор назад за избраниците на селекторот Кирил Лазаров на патот кон остварување на главната цел. Дефинитивно нема да биде лесен патот кон ЕП 2026, а доказ за тоа е и тесната победа на Словенија на гости против Естонија (29:28).

Повеќе...

Лазаров: Не очекував толку тешко да ја добиеме Естонија, ова е предупредување пред Литванија

465110807 895003949428072 3057034105497658102 n

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје македонската сениорска машка ракометна репрезентација ја совлада Естонија со 37:33 во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. Многу потешко од очекувањата избраниците на селекторот Кирил Лазаров дојдоа до првите бодови во квалификациската група 1 во која играа и репрезентациите на Словенија и Литванија.

Повеќе...

Фестивал на голови, Македонија потешко од предвиденото ја „скрши“ Естонија

martin

Македонија - Естонија 37:33 (20:20)

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Естонија со 37:33 во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Повеќе...

Лазаров: Не бегаме од фаворитската улога, но треба да бидеме внимателни

media 20241103 142822 5159785339789221505

Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје го имаше првиот собир пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Избраниците на Кирил Лазаров во првите два квалификациски меча ќе ги одмерат силите со Естонија и Литванија. Селекторот даде одговор за отсуството на овој список на Никола Митревски и Филип Талески.

Повеќе...

Јагуриновски отпадна, Савревски дополнително повикан во репрезентацијата

Tomi-Jagurinovski

Ракометната селекција на Македонија ги започна подготовките за стартот на европските квалификации, а селекторот Кирил Лазаров веднаш се соочи со непосакуван проблем. На првиот собир не се појави ракометарот на Вардар 1961, Томислав Јагуриновски, кој поради повреда ќе ги пропушти овие натпревари

Повеќе...

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Естонија и Литванија

kre spisok

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година. Во рамки на ЕХФ неделата Македонија ќе игра квалификациски натпревари против Естонија и со Литванија.

Повеќе...

Селекторот Лазаров ги отвори „картите“ за стартот на евро-квалификациите

kire112024

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година во Шведска, Данска и Норвешка.

Повеќе...

Кирил Лазаров во улога на предавач на „Handball 4 all“

ezgif-7-7196936161

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ќе биде еден од предавачите на меѓународниот проект „Handball 4 all", кој оваа година ќе се одржи од 28-30 јуни во Белград.

Повеќе...

Започна продажбата на билети за натпреварите на СП 2025

13475046 893540734087673 5839248436505199892 o

Денес стартува продажбата на билетите за натпреварите во Пореч и Вараждин од Светското првенство во 2025 година. Покрај Хрватска, домаќини се уште Данска и Норвешка. Ждрепката сакаше Македонија своите натпревари да ги игра во Вараждин. Цените на билетите се од 50 до 70 евра во зависност од местото на седење, а еден билет важи за двата натпревари кои се играат тој ден.

Повеќе...