Македонија деветнаесетта според најновата ЕХФ листа
Светското првенство во ракомет што се одржа во Хрватска, Данска и Норвешка заврши во неделата. Данска го освои златото, Хрватска заврши на второто место, додека Франција со триумфот над Португалија го освои третото место.
Македонија имаше добра настап на 29-тото Светско првенство. Избори пласман во втората фаза, а во главната група го освои четвртото место. Во конечниот поредок Македонија заврши на петнаесеттата позиција.
ЕХФ денес го објави рангирањето на најдобрите европски репрезентации во машка и женска конкуренција. Македонските ракометари и ракометарки се на деветнаесеттото место.
Европската ракометна федерација ги следи резултатите постигнати на Европските и Светските првенства и ги бодува и формира ранг-листата земајќи ги предвид резултатите од изминатите две Светски првенства и две Европски првенства.