hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Селекторот Лазаров ги отвори „картите“ за стартот на евро-квалификациите

kire112024

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година во Шведска, Данска и Норвешка.

poshirok-spisok-na-mashka-seniorska-reprezentaczija-28102024-page-001

Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски", а натпреварот е закажан за 6 ноември 2024 со почеток во 20:00 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во Виљнус, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.

Share