hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Среќен сум по победата, очекувам со полна сала да прославиме уште едно Европско првенство

Lazarov-so-Danska

Македонија го победи Луксембург со 28:23 во натпревар од петтото коло од квалификациите за ЕП 2024 година и со тоа е веќе на чекор до второто место во квалификациската група. Со оваа победа Македонија е блиску до ново учество на Европско првенство, кое треба да се верификува во недела против Турција.

Дури и пораз до девет гола разлика ја остава Македонија на второто место во групата и трет шешир пред ждрепката за групите на Европското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров по натпреварот со Луксембург даде свој коментар.

„Во денешниот ракомет не е лесно да се победи против секој ривал. Подобри сме од Луксембург, но кога не играш дома, тешко е да се победи против секој ривал. Очекував вака тежок натпревар, но бевме фокусирани и концентрирани сите шеесет минути, направив многу ротации за да бидеме свежи и на крај победивме. Среќен сум што победивме и се пласиравме уште еднаш на Европско првенство.

В недела се надевам дека ќе бидеме уште подобри отколку на овој натпревар, бидејќи во „Борис Трајковски" очекувам полна сала и пред нашите навивачи да го прославиме пласманот на Европското првенство со оваа подмладена генерација", вели нашиот селектор.

Мечот меѓу Македонија и Турција ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски" во недела со почеток во 18:00 часот.

Share