hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Мора да поправиме од сè по нешто

rakomet-ep-kvalifikacii--makedonija-portugalija 2

Maкедонската ракометна репрезентација вечерва претрпе пораз од Португалија во Скопје, прв во квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Лазаров после мечот беше разочаран и истакна дека мора да се поправат многу аспекти, но призна дека Македонија не можела физички да и парира на Португалија.

„Ни недостасуваше фокус и концентрација, а тоа се добива само со играње на вакви натпревари. Треба да поправиме од се по нешто, она што беше очигледно е дека доминираа со корпулентност. Загубивме доста дуели, дефицитирани бевме на пивот позицијата, нивните двајца кружни напаѓачи играат во Барселона и Порто. Сепак, најважно е да се пласираме на Европското првенство, против Турција и Луксембург сме фаворити. Во денешно време не можете да победите лесно на ниту еден натпревар. Не чека вториот натпревар со Португалија ќе одиме да одиграме квалитетно и тој натпревар ќе ни послужи за поголемо искуство во иднина", изјави Лазаров.

Двете репрезентации ќе се соочат и в недела од 18:30 часот, но сега во Матосињос, Португалија.

Share