hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Промоцијата на српското издание на автобиографијата „Секогаш на победа“ во Белград

kiresrb1

Љубителите на ракометот и почитувачи на еден од најголемите мајстори на ракометниот спорт во 21 век во соседна Србија, македонскиот ас Кирил Лазаров, вчера можеа да го видат во живо на промоцијата на неговата автобиографија „Секогаш на победа" во Белград.

kiresrb2

На Факултетот за спорт „Унион - Универзитетот Никола Тесла" интересот беше голем. Автобиографското дело напишано во соработка со уредникот на „Balkan-Handball" Жика Богдановиќ, беше објавено во ноември минатата година на македонски, а потоа и на српски јазик. На повеќе од 200 страници Кирил Лазаров зборуваше за сите фази и аспекти од својата кариера, од почетоците во Свети Николе до самиот крај во Нант.

kiresrb3

Сите заинтересирани во Србија кои уште не ја купиле книгата, можат да ја пронајдат во книжарницата Беополис во центарот на Белград или преку веб-страница ( Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ).


Share