hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија го загуби малото финале и како четвртопласирана се враќа од Оран

 Srbija-S-Makedonija-11

Македонија - Србија 29:34 (13:15)

Македонската машка ракометна селекција од Медитеранските игри во Оран, Алжир се враќасо четврто место. Денес во борба за бронзениот медал „црвено-жолтите" беа поразени од соседна Србија со 29:34 и на тој начин тие се радуваа на медалот.

Ако во првиот дел избраниците на Кирил Лазаров и парираа на Србите, тогаш во вториот дел следеше голем пад во играта на нашиот тим, па така сосема залсужено, од она прикажаното на крај бевме поразени.

Костадин Петров со пет гола беше најефикасен во редовите на Македонија, додека еден помалку, односно четири природаде Петар Атанасијевиќ. Македонија го заврши натпреварувањето со две победи, едно реми и три порази.

Во финалето на Игрите попладнево се среќаваат Египет и Шпанија.

Share